јас би сакала да бидам дизајнер но некако во македонија тешко па затоа сакам да бидам полицајка и плавуша
сакам да бидам метеролог, или да работам како програмер или дизајнер на реклами и бев-страни во некоја маркетинг агенција или во банка.
Јас сакав да бидам фризерка и често на мајка ми фризури и правев и еден ден малку и ја крцнав косичката бидејки ми се заглави четкичката
Од секогаш сакав да бидам стјуардеса ама за жал немам висина многу сакам авиони. Сакам да патувам многу и се надевам дека ќе го прошетам цел свет. Сакав да бидам и актерка и манекенка.
Сакам нешто со декорирање и такви работи, да украсувам. Многу често ќе најдам нешто на интернет, ќе одам до продавница и ќе го направам тоа што сум го видела. И да, да спомнам, сега за Велигден, одкако седнав во 4 часот поручек, до 7 часот, не се мрднав, од столче, цело време украсував јајца.
сакав да бидам сметководител да работам у канцеларија на омиленото канцелариско столче , да куцам цело време да вртам бројчиња бла бла хаха а и сеа за факс не сум далеку од тоа насочена али не баш со таква претстава
Сакав да бидам ветеринар.. ама тоа кога бев многу мала. Толку многу ги сакав животните и секогаш бев во нивна близина а сега се плашам и од мачка Еднаш кога бев мала, на улицата пронајдов желка со скшен оклоп. Без размислување земав памук го натопив со алкохол и го пополнив скршеното место од оклопот на желката па го залепив со салотејп хаха , желката ја сретнав повторно после 1 месец во близина на мојата куќа и уште и стоеше памукот сите велеа дека ке бидам ветеринар ама и јас незнам кога и како се сменија моите планови..е сега веќе знам дека ке бидам финансиски менаџер
Имаше еден период од мојот живот кога бев мала и многу сакав да бидам продавачка во колонијал продавница Многу сакав да сум на местото на продавачките од локалните продавници,и постојано кога си играв со другарките, ги имитирав. Потоа кога почнав да одам на драмско,сакав да се бавам со глума,но ми велеа дека од тоа леб немало па морав да се откажам и од оваа желба.А денес,ми се чини па и не е баш да нема леб од професијава.Aма тоа е тоа.
Јас не знаев што сакам да бидам ама знаев дека не сакам пејачка или манекенка како останатите лигли од маало (машкоданче си бев ) сите ми викаа дека ќе бидам адвокат затоа што мн сум била креативна кога лажам (точно вака ми викаа дома ги памтам зборовиве! ) паааа после во средно сакав економија или право, а сега нешто сосема друго студирам за што се решив во последен момент и ептен ми е интересно ама и тешко у пм
Замослете ДОКТОР-ХИРУРГ А кога одевме кај баба и имаше таму голем мачор им велев ако фати глувче да му го земат па да ми го чуваат за јас да го оперирам Ццц а сега неможам да се замислам А манекенската замислена кариера па беше друго