Јас сакав да бидам манекенка Сонував како еден ден ќе бидам Мис на Македонија, па потоа Мис на Свет хухухухуухух.... Се гледа дека сум била амбициозна уште како мала иако ни едното ни другото не ми успеа т.е. не сум пробала-можеби и ќе ми успее хахаххахах
Сакам да бидам веб или графички дизајнер или за ентериер ... архитект или да одам на местото на Бил Гејтс хехеххе ГОООЛЕМА ЖЕЛБА
хахаха сакав да бидам докторка како мама,a сега несакам да смислам. Ама сепак си имам некои гени во мене не ме гнаси од повракање си ги трезнам другарите без мака, знам некогаш по цел ден да гледам како прават операции по интернет сепак мислам дека информатиката е подобра
Си биле 3 сперматозоида и разговарале што сакаат да бидат кога ќе пораснат. Првиот:кога ќе пораснам голем јас сакам да станан Доктор, Вториот:кога ќе пораснам голем сакам да станам Инжињер Третиот: ај не се занесувајте , во желудник сме Sorry за оф топик Он топик:сакав да станам спикерка на вести или касиерка во гоооооолем Супермаркет(онака глава да не можам да кренам од куцање на тоа машината)Хаха
Како мала сум имала разни желбички околу темава, но сега некако сакам да бидам новинарка мајка ми кога слушна строго рече НЕ демек не била безбедна работа ае ве молам некоја од форумџикиве ако има новинарка или сл. да ми пиша или лична порака или овде .....ств сум заинтересирана и однапред благодарам
И да...сакав да бидам голема да можам да се шминкам слободно без да ми се смеат моите на карминот околу очите, на образите...ама буквално сегде! Сакав да пораснам за да шетам кај сакам, да имам свои пари, да имам свое бебе и да бидам строг родител...мххх многу работи сакав а сега само сакам пак да сум малечка и едноставно да се замарам што сум го прошуштила цртанот и да не сакам да одам во градинка тоа да се моите единствени проблеми !
Како мала сакав да работам во аптека. Имав коцки и тие беа демек лекови и сирупи, и ја терав мајка ми и сестра ми да ми дадат рецепти и јас да им дадам лек