Принцеза Кога потпораснав сакав да бидам кардио-хирург, не оти знаев што е тоа поточно, знаев дека оперира срце. И на еден состав во 2 одделение „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“, јас пишував дека сакам да бидам кардио-хирург, да ги спасувам луѓето, да бидат сите здрави и среќни и таа учителката што ни беше се испорасплака, се размрсулави и ме тераше на приредба да го читам . После на крај адвокат, а сега студирам нешто што сепак има некои допирни точки со правото .
Сакав да бидам преведувач и професорка по англиски јазик јазиците многу ми се при срце и се уште ги имам истите желби.
Кога одев во основно сакав да сум професорка по англиски бидејќи англискиот ми оди многу...но сега кога сум во средно и сум запишана фармација..сакам да завршам фармација факултет...Значи дипломиран фармацефт хахаха
Jaс имав доста желби, ама се си мислам дека првата беше дека САКАМ ДА БИДАМ ПРОДАВАЧКА....амбициозно девојче бе...Паметам дека ги вадев сите наши алишта од плакарите ги редев по земја и ги викав другарките да си играме... А најдобриот ми другар сакаше да биде Џубраџија....колку само се воодушевуваше кога ке дојдеа чичковците да го земаат џубрето...лелееее....хахаххаа....стално се смеам на оваа уникатна желба...
Како одеше песничката... мислам дека во прво одделение се учи... нешо вака одеше: Пилот јас да станам бескрајно би сакал, високо да летам над облаци горе, да погледнам небо и широко поле. Многѕ јас ќе учам, имајте верба. Пилот да сум чуен е мојата желба.... хехехехе пуста желба
Сакав да бидам аптекарка, размислував и за средно фармација, но не ми се исполни желбата. Сега студирам англиски јазик.
Можеби ќе звучи смешно но уште од мала сакав да работам со компјутери.. и секако со помош на тоа да си станам богата . Па сега за сега се си оди по планот, си се запишав на информатика и повеќе ќе обрнам внимание на програмирање. Малку има програмери во Македонија, фалат.. па така и ќе си најдам работа.. Се надевам дека се ќе ми оди по планот и ќе си ја исполнам желбата да имам МИЛИОНИ И МИЛИОНИ
Јас сакав да бидам египтолог. Уште од негде второ одделение се опседнав со античката египетска култура, ја читав митологијата и ми беше премногу интересно. Потоа сакав да бидам научник во НАСА, и на крај сакав само да пораснам.
Космонаут тогаш ептен малечка бев, не разбирав дека не е доволно само да имаш желба за тоа. Потоа сакав да бидам таен агент па после детектив Амбициозно дете нема што
прво сакав да бидам полицаец но потоа ми се смени желбата и сега сакам да бидам доктор,се запишам медицинско средно па ќе видиме понатаму времето ќе покажи