Се уште и ја не сум порасната....Ама од мала сакав да работам на граница хахахах .. Сеа Учам сообрајќајно ..после мислам на фах..па че видиме шо че излези од мене
Од секогаш сум сакала да бидам докторка Таа желба ми траеше до пред уписите за во средно. Тогаш се премислив.
Сакав да бидам докторка, ама и на татко ми златен тоа му беше неостварена желба, и се гордееше со тоа, и на крај кога се запишував сватив дека никако несакам тоа, дека сакам да бидам економист и татко ми до ден денес неможе да преболи, а тогаш 1 месец лут ми беше... Главно сакав да бидам докторка...
Стуардеса!! и од секогаш сум сакала да патувам со авиони фала Богу ми се исополни еднаш таа желба да патувам со авион
Од мала сакав пеачка да сум ама како што растев сватив дека сум нула во пеење,немам глас и сега сакам да бидам манекенка и бизнисменка . на пат сум да станам тоа иако треба да сум повеке упорна во тоа! Ипак има време .
Како мала голема желба имав да работам во некој супер маркет или продавница за храна тоа тогаш ми се чинеше како најидеална можна професија
истооо и на добар пат сум да бидам! плус сакав да бидам манекенка некоја многу позната и богата...сите да ме сликаат и бараат...треп треп Тоа е сигурно поради недостаток на внимание.Затоа ви велам на девојчињата им посветувајте повеќе внимание да не ви се роди некоја Кејт Мос
Учителка!! Не дека не станав де, тука негде сум. Не, озбилно, не се сеќавам многу, прва желба ми беше да бидам моден дизајнер. Еден талент што имав, уште човек цртам со кругчиња и прави линии Кога тргнав во школо на сите им кажував дека еден ден ќе бидам учителка што ќе знае се и ќе предава се. Изгледа пошто мислев дека овие одделенските до 4то се знаат. Но, во средно веќе дознав дека не знаат и почнав да размислувам за нешто друго. На туризам највеќе се задржав. Одбрав што одбрав, не е ни битно, битно е што уште растам и сега сакам да сум психолог. Шанси некој ден да станам тоа -0 ,јбг.
Како мала сакав да бидам новинарка не знам зошто од секогаш сум ја сакала таа професија ......но сега многу сакам да бидам преведувачка во иднина се надевам дека оваа желба ќе ми се оствари
Иако не ми е битна модата туку стилот уште од мала сакав да бидам моден стилист. Постојано ги пресоблекував куклите и им шиев облека. Сега здравје се запишав на Текстил арт и дизајн па да видам што ќе излезе со работава...
Секогаш сакав да бидам глумица или имитаторка! Сите ми викаа дека сум родена за тоа А и голем матријалист сум па ми беше важно да заработувам многу пари од професијата и глумица таман ми се погоди(поготово ако станам од тие успешните) Тоа ми е желба од детството а сега имам други планови