Сакав да бидам раководител на некоја фирма , па потоа стујардеса ... Па незнам од каде туристички водич ... Но ете тоа е детство !
Ме местеа ко мала да бида медицинарка, џоа сум имала афинитети. А јас играј ли играј, пеј ли пеј! Абе карактер дете од мали нозе!
Кралица , бе Детски ум , што можеш ... Ама кога подобро ќе подразмислам и сега го сакам истото Дете во душа , некои работи едноставно не се менуваат
Уфф сакав многу работи сакав да бидам глумица, пејачка, полицаец, министер, сопственик на ланец бутици, сендвичари, сопственик на фирма итн
Како мала сакам да бидам учителка,но како растев како ги разбирав професиите... од 2ро до денес сакав/сум стујардеса Спојлер благодарение на тато и на игрататататата..
Веќе напишав мислам дека за автомеханичар. Покрај тате правник, адвокат во тоа време и толку занимливи професии околу мене, јас избрав да бидам тоа што и комшијата спроти нашата куќа - да го чепкам фиќото на тате. Да направам да збрмчи моторот... битен момент беше тоа. Втората работа ми беше ѓубреџија уху, на овој дел и не особено се сеќавам ама памтам дека беше ради чувството што мислев го носи тоа да си од страна качен на камион со една рака да се држиш ау, еден дури ми имаше мафнато. Е тоа беше мојот херој, богами да! Ја занемарував тогаш смрдеата од контејнерите Третата работа беше руски војник! Е ова беше фаза што најдолго траеше и нај се сеќавам на неа. Не друг, а руски требаше. Дури и татко ми ме викаше така, чисто да ми го направи ќејфот, али што растев ко погача коа ќе им раскажеше на сите дека ќерка му е ко руски војник па-па се имав, само пушка ми фалеше.. Се што купував од облека во тој период, т.е купуваа мораше да биде зелено, одредена нијанса на зелено, иначе маф ни беше работата. Мора да им било многу интересно на моите со мене. Не си го посакувам на себе си, секако Нејќам да знам што се им се мотало у глава, од типот прашања - каде згрешивме ?! Никаде! До мене било, не до вас де
Јас сакав пејачка,па едно време водителка па потоа глумица.Важно сите професии што имат врска со шоу-бизнис ги сакав .Сакав некој ден да се појавам на телевизија,да ми прават интервју,да делам автограми ах пусти желби. Кога малку попораснав имав желба да бидам психолог,не озбилно сакав да студирам психологија но не испадна така.А уште си имам скриена желба за глума но за жал нема да се исполни затоа што не можам да се замислам да имам јавен настап пред толку луѓе .
ептен ме наврати на детство бре Прво сакав да бидам докторка потоа, незнам од каде ми текна да бидам учителка(цело време тоа си играв),па слушнав дека една комшика на баба ми се запишала фармација па сакав тоа да бидам, но во последен момент се премислив се запишав гимназија и сеа планирам право да одам (ако не се премислам и до тогаш де )