Сакав да сум детектив, па ќе скриев некој предмет и ќе се “тепав“ со некој за да го најдам, абе глупости.. А пошто уште сум дете, сега немате појам која голема желба имам да бидам успешна актерка. Да сте виделе како глумам све би ви било јасно..
сакам докторка, само затоа што братучед ми е тоа, а и ист учител не учел...лол детски памет. па сакав учителка, идол ми беше и уште ми е, мојот учител до 4то.
Сакав да бидам водителка или актерка и обавезно да ме имаше на телевизија. Се сеќавам еднаш толку плачев што моите мораа од картонска кутија да ми направат телевизор, со програми...копче за исклучување, вкучување програми..... и мораа да го стават во дневна и да ме гледаат како зборувам додека главата ми е внатре во кутијата. после тоа сменив триста желби!
Сакав да бидам забарка.Кога бев мала и некој ќе ме прашаше што ќе бидеш кога ќе пораснеш без двоуменје им викав забарка
јас напишам мислење во темата на која професија ви се допаѓа и зошто! но и тука ќе пишам јас уште од пред 2-3 години си кројам планови и вака со другарка ми си испланиравме (ние се исто) *една од ангелите на викторија сикрет (само за тоа би слабеела) *наставничка по англиски *нешто поврзано со медицина (некако нешто ме влече натаму ама нешто многу е тешко у медицина)
Не знам колку професии имав сменето Се сеќавам како многу мала сакав да сум наставничка од прво до четврто, па сакав правник, полицаец, ракометарка , моден дизјнер...
Како мала сонував за многу кариери Прво сакав да бидам пеачка, па актерка, адвокатка, полицајка, директорка, докторка, воено лице, наставничка по било кој предмет, фризерка, готвачка, моден креатор, забарка, манекенка и нормално како секое мало девојче сакав да бидам принцеза Сега да ме прашаш не знам што би сакала да бидам, ама мислам дека сигурно ќе биде некое од овие погоре.
Мајка... а ако не ми пораснат цицки, манекенка. lol, jk. Сакав да цртам и до ден денес желба ми е да си имам свое ателје и да заработувам за живот со тоа што ќе работам во билиотека. FTW!