Ехејј...сеа јас да фатам да ги набројувам моите желби Од најмали годинки сакав да бидам докторка,сите реквизити ги имав дома,и пациенти ми беа играчките И после,како што поминуваа месеците и годините...ми здосади докторството.. Си реков ај доста е сега,од денеска сакам да сум учителка.И нормално тетратки дневници,крадење шминките од мајка ми. ќе најдев некое помало детенце надвор и ајде да си играме со учителки Помина и тој период,после ме фатија некои кризи да бидам пејачка Дури надвор со другарките правевме концерти пеевме,абе дечински работи И после кога направив 11 години,почнавме нели да учиме Историја и мојата желба се знајше што ќе бидит, Koга ќе пораснам ќе бидам археолог.Хахахахаха И сега демек пораснав и знам што ќе бидам,ќе бидам глумица,освен ако не ми текнит нешто друго на умов Ама се надевам дека НЕ
Пензионер. Два пати неделно да се возам со автобус. Да седам во паркчиња и да играм табла. Да сркам кафе на тераса со цвеќиња. Да цртам во дворот, да гниждам во библиотеки и да пишувам во работната соба на таванот од идната моја куќа.... и да правам слатко од шумски јагоди, торти и колачи за внуците. Тоа.
Кога бев малечка, редовно кога ќе ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам викав адвокатка Моите имаа еден пријател адвокат и он цело време си шеткаше, Египет, Африка, ваму-таму и си викав ,, О, па ова е супер, ќе си шеткам цело време,, Сега кога потпораснав и кога сфатив некои работи, увидов дека не е тоа толку едноставно
Кога ќе се сетам...сакав да бидам учителка,па пејачка,па докторка,па полицаец..и еве сеа не знам за што да учам.
Тоа што ќе бидам здравје за некоја година, фармацевт или па маКеНенка, поточно сакав да сум Мис на Македонија.