Презентер на вести...секогаш се облекував во најубавите фустанчиња и заставував пред тв и чекав да кажат Добар ден! и им враќав и јас со Добар ден!... Им се восхитував на тогашните презентерки на МТВ (Розета Арсовска и компанија) а сега не ни сум погледнала ни еден кадар на МТВ.
Хаха уште од мала сакав да бидам детективка и усте сакам Хехе....И сакав да бидам актерка,па и пејацка хаха и учителка поточно се сакав да бидам хаха
Моден креатор, фризерка, секретарка , тв презентерка (знам кога научив да читам седнував пред телевизор, уклучував телетекст на А1 и ги читав вестите) . И последно што најдов во еден споменар - бизнисмен
Хаха, што се не сакав да бидам е прашањето.. Се почна со астронаут, па продолжи со доктор, па адвокат, балерина, писател... и сега дојде период кога не знам што сакам да бидам кога ќе пораснам.
Кога гледав филм - актерка Кога слушав музика - Пејачка Кога гледав филм со стјуардеси - стјуардеса ... се и сешто
Пратеник . Обожавав да гледам парламент и неможам да ви опишам кое чувство го имав кога Стојан Андов ќе речеше Ајде сега че гласаме. . Тогаш уште беше со кревање рака па и јас дома редовно гласав. Најчесто бев воздржан, дека тие секогаш беа најмалку . Лудо дете бре!
Едно време сакав да бидам модна креаторка, им правев на куклуте блузички, фустанчиња, шеширчиња сакав да бидам и лаборантка имав дома шприцеви и на домашните па и на гостите им земав крв, па ја ставав во тегло и ја вртев ко демек испитувам сакав да бидам и диригент со бастунот на баба ми им диригирав на моите дома детски умишта брее
Кога бев мала имаше еден цртан со една чистачка во школо и така убава на крајот открива дека е принцеза, и јас упорно сакав да бидам ЧИСТАЧКА ! Имав повеќе желби, но оваа беше врвот.
Сакав да бидам фризерка,па после водителка,па после креаторка..Се додека не стигнав до реалноста и да бидам нешто сосема различно.Хаха.