Политичар ама за жал не отидов на политички науки него отидов на правен па се надевам дека ако го завршам пак ке имам некои шанси да влезам у владаааааа
Порано сакав да бидам се и сешто, разни професии ми доаѓаа на памет. Три години сакав да бидам нотар, ама веќе пет години сакам да бидам новинар и се надевам дека тоа ќе ми се исполни.
Сакав да бидам стилист! хехехехехе -Бев во филм дека ако не носам суќњичка или фустанче во школо (до 4то) не сум убава, па намерно си ги прљав пантолоните со земја (кога со сила ќе ме облечеа) за да не ме облечат утредента во исто! Сега сонам да сум шминкерка или било што поврзано со козметика. Не сум далеку од сонот. Работам на случајот
Охооо, сите фази сум ги поминала, од учителка, докторка, балерина, пејачка, до патолог Да , да сакав патолог да бидам, чудни желби сум имала
паа како помала сакав секретарка xD после многу сакав да бидам глумица паа премногу сакав полицајка или таен агент иии сеа сакам радиолог
Прво сакав да бидам адвокат,па уметник,па докторка,па фармацефт па на крај првото ќе испадне здравје боже
Чудни желби сум имала јас. И тоа многу.. Нормално како и секое девојче и јас посакував да бидам принцеза, маникенка, пејачка, професорка, директорка, докторка, продавачка, теткица, шминкерка, стилистка Ама тоа беше само еден период, потоа настапија моите тогашни така наречени најголеми желби. Полицајка, детектив, инспекторка, адвокатка, гитаристка, судијка, во моментов не ми текнува баш името на работата, ама сакав да работам како тие во ЦСИ, понатаму доаѓаат уште пошокантни посакувања а тоа се гробарка, работник во погребална агенција, калуѓерка, не знам кој ме лажел, дека тие работи биле најдобри и најубави. Ама добро ни тие желби не траеле повеќе од еден месец. И не се само тие необични желби има и други.
Јас сакав да бидам докторка. Дома ќе ги наредев сите плишани играчки, ке земев пенкало, им измислував имиња, им давав апчиња, им препишував рецепти, на некои и „операции“ им правев. Потоа сакав да бидам касиерка. Брат ми купуваше работи (што ќе се најдеше низ собата) а јас на дигитрон си измислував цени и пишував. Хахаха. Се изназборев.
Јас сакав да бидам писател.Ме бидува за пишување стварно..уште од мала пишував една тетратка со песнички и сакав да ги објавам за лектира на дечињата хахаха..ептен бев занесена Сега сакам да бидам професор по англиски јазик и се надевам ќе успеам
Отсекогаш сакав да бидам докторка! Кутрите мои кукли беа прободувани со пенкала - "инекции" Ама не ми се оствари таа желба, незнам ни сама како кога требаше да се донесе одлуката каде да се запишам, избрав нешто сосема друго. Не дека сега се жалам и не го сакам она што сум, само сепак желбата и инересот за медицина сеуште си ја имам.
Спикерка како мала се сеќавам кога си игравме нели кој што работи, па си одевме на гости хахха деца јас секогаш работев во телевизиска куќа и водев вести. Се надевам некогаш желбата ќе ми се исполни, ако не тогаш лектор бидејќи е пореално
најпрво сакав да бидам полицајка ( со братучедите често си игравме крадци и полицајци и секогаш бев полицајка), после сакав да бидам моден дизајнер (да видите какви се облеки им имам направено на барбиките), па после сакав да станам правник некојси, па психолог (и ден денес ја имам таа желба) а сега еве ме кај економистите
Охохоо колку ли желби имав како мала прво сакав да бидам космонаут па сватив дека ми е подобро на земја па сакав да бидам најпозната глумица за подоцна да го засакам правото ама и тоа ми здосади па отидов на политички студии сакав се да бидам освен докторка многу се плашев од нив