Чекај да ги избројам: Мислам дека беа над 100 професии. Еве како: На 4-5 год: Пејачка, манекенка, актерка,ПЕКАР .. На 6-7 год: Наставничка,манкенка , актерка.. На 7-8 год: Стујардеса, фризерка, модна креаторка,холивудска ѕвезда.. На 9-10 год: Тоа беше период на Индијана Џонс и нормално:археолог. Па онаа уметничко лизгање, балерина, уметник, писател.. И на 11-12 год: Уметник, хип хоп играч, можеби пејачка,писател,првак во аикидо и така .. Е да сакав да бидам и хирург, водителка, докторка, заболекарка,принцеза, ВОЈНИК :geek: ЛУДА ГЛАВА! Спојлер Да прашам се пишува Пеачка или Пејачка ???
Аааахххх интересно прашање. Ме густа.. Епаа вакаа... на почетокот сакав да бидам доктор ама како во филм разбирате не овде да ги умрам луѓето, па потоа си велам мочеби овде ќе бидам најдобра докторка... потоа го сменив мислењето во полицаец т.е форензичар разбирате цси, мајами, њујорк.... Глупостии.. кско помала де.. мислам ништо против професиите нормално и да имам можност би била неешто од ова ноо...сега нешто повеќе ме привлекува ПРАТЕНИК.. уживаат имунитет разбираш.. На страната на правдата сум повеќе и сакам да се изјаснам отворено нели ако не ме "затворат" како обично нели на тие што ќе се дрзнат да ја зборуваат вистината и лошо за владата...Ебаш затоа сакам да бидам.
Се обидувам да се сетам што сакав да бидам првично. Во основно сакав да бидам учителка, докторка, па во средно крим техничар/инспектор/полицаец. Но, првата моја желба е Штета што не ми се оствари . Стриптизерка , на 4-5 години сакав да сум стриптизерка Просто се воодушевував како една жена може да собере толку мажи околу неа па плус и пари да и фрлаат. А мама го имаше само тато покрај неа и не и фрлаше така пари Да се разбереме, моите не пуштаа пред мене такви работи, но кога ме оставаа чичо ми да ме чува, тој без галје пред мене си гледаше такви филмови. Еднаш видов на ТВ и на дедо ми му реков е јас сакам да бидам како оваа тетката. Он остана спичлес, па ја викна баба ми у помош. А она нормално, го изгаси телевизорот. Не знам кој ми ја убил желбата за таа професија.Thank God
Прво како и секое друго девојче сакав да бидам наставничка , потоа сликар зашо многу убаво цртав од мала , па после адвокат зашо ме биваше за такви работи и на крај сакав и сеуште сакам да сум архитект
Сакав да бидам професорка, па и за тоа сум определена сега , си ја остварив желбата. Инглиш ин мај харт
5-6 сакав да бидам принцеза 7-8 сакав да бидам наставничка, сликарка, глумица, фризерка 11-12 сакав да бидам адвокатка, полицајка, водителка, малекенка 13-14 сакав да бидам модна креаторка, глумица и сеуште сакам
Жена на дечко ми хах шала на страна па незнам нешто поврзано со книженност нека е,може новинар,може професор по македонски,може актер.... а може и психолог
Јaс кога бев мала многу сакав да бидам учителка.. Но накај 5-то и 6-то сакав да бидаам водителка,пејачка,манекенка.. И сега во 7-мо имаме хемија и ногу ја засакав па сега сакам да бидам хемичар..
Актерка, си глумев по дома, на роднините. Учителка, имавме едно како табла во двор, па нон стоп шкрабав нешто, му објаснував на братучед ми. Библиотекарка, си ги редев сите книги дома, ги обележував, правев листа кој ја земал која книга. Пејачка, (срамно е да кажам ама) им пеев на фамилијава песни од Благица Павловска Готвачка, пилот, фризерка....
водителка , глумица ракометарка (можеше и да се оствари , но за жал тренирав само една година и толку)
Глумица, ама во акционен филм, заедно со Жан Клод Ван Дам, Сталоне или Швајценегер Јас агент, ме киднапираат, а овие ме спасуваат Дете И пеачка , со дезодорансот во раце и пред огледало си пеев, па и во емисии си замислував дека учествувам . Водителка/новинар ми непреболена желба. Во средно, а и до скоро сакав да бидам лекар, ама веќе не. Сега сакам да бидам тоа што го учев. Се уверив себе си дека не погрешив со изборот на факлутет, иако оваа со агентите и филмовите уште ми е желба, ама не во филм туку агент со пиштоли да бркам криминалци како главна фаца у ДБК .
Кога ќе пораснам сакам да бидам пеачка.Иако таа желба ми е од трето одд и сеуште ми е.Сакам да бидам позната, да имам многу пари но времето ќе покаже....