Од секогаш сакав да бидам професорка, се надевам за две години ке го завршам факултетот и ќе го работам она што го сакам
Тоа што сум сега. Името на мојата професија звучи многу софистицирано,потсеќа на вредна,начитана и културна особа,па секогаш сакав и тоа да бидам. Но,не застанувам тука,имам уште амбиции кои се надевам дека ќе ги остварам.
Уф, уште од мала сакав да бидам актерка и до ден денес го имам тој сон и се занимавам со тоа. Но бидејќи сум премногу амбициозна, покрај тоа сакав да бидам и поетеса, пишував песнички и добивав еден куп награди. Исто така паметам дека сакав да бидам археолог, форензичар и новинар. Хахаха.
Најпрвин сакав манекенка, дури и одев на некои курсеви за манекенство. Одкако тоа помина, сакав адвокат или пак судија, и баш мислам дека имам карактер за такво нешто, сите ми го кажуваат тоа, планирав да идам и во средно - правен смер, ама со оглед на тоа дека целото школо, па и факултет е бубање а мене тоа ни малце не ми иде се одкажав. Иако сега кога гледам каква неправда им се нанесува на баба ми и дедо ми, за нешто што и некој што нема а од адвокат, нити пак с од судија би знаел која е правата страна баш би сакала да имам некоја сила да бидам над нив и јас да им го правам истото или пак макар да ги отпуштам од работа, ништо повеке (туку така да си играат, со стари луѓе). Моментално, покрај тоа, сакам нешто со информатика, веб дизајн, програмирање или слично, бар тоа знам дека ми оди.
Прво сакав глумица, ама глумица во некој шпански филм (уште како малечко дремев пред тв и ги следев сапунициве), потоа глумица во некој акционен филм од типот со лоши девојки, па тепање, па спасување па 300 глупости. Ама тогаш барем сум сакала нешто, сега не знам што сакам