Најпрво сакав да бидам сликарка, а појма немав од цртање, немам ни денес. После сакав да бидам докторка, па професорка по француски јазик. После тоа форензичарка. Сега сум на скрос различен пат. Сакав да бидам слаба и згодна, тоа уште го сакам.
Можеби низ темиве и порано имам спомнато дека како мала животна желба ми беше да станам адвокатка. Моите имаа еден пријател адвокат, кој постојано си шеташе .. Де Египет, де Тунис ... Немаше место кај што не бил. И јас дете како дете толку бев фасцинирана од него , што желбата ми беше ептен силна. Ама нормално, како што растев така постепено се губеше тој настојувачки дух да учам право. Насоките и размислувањата се сменија, така да ја оставам желбава за некои подобри времиња
Балерина. Сум заборавила да ја спомнам дамнешната моја желба, која за среќа или за жал уште трае и ќе си остане само на тоа ...
Леле, на моите желби им нема крај.Ај да почнам: Прво сакав да бидам професорка по англиски,потоа сликарка (дека ми оди цртањето по малку) потоа докторка (ама кога еднаш ми вадеа крв од вена толку се ужаснав,па веќе не мислев на таа професија), потоа физиотерапевт, манекенка, моден дизајнер (им шиев облека на куклите), спикер, водител ,новинар, археолог и научник (уште сакам да бидам) и форензичар (моја најголема желба, со оглед на тоа дека редовно ги гледам крими сериите)..А факс незнам што ќе одам, али мислам дека најв. ќе биде филолошки (незнам од кај ми текна, се ми е он во глава)....Не си отидов јас убаво кај братучед ми детективско средно, па се запишав гимназија (оу мај гад )
Ко помала сакав да бидам форензичар А сега сакам да бидам медицинска сестра. Исто така и сликарка и манекенка. Пусти сништа
Како мала многу сакав да работам во банка Пед 2 години се бев затрескала во моден дизајнер и сакав средно да се запишам моден дизајнер Е сега веќе 2 години сакам да бидам прифесионален фотограф
кога бев мала дур гледав филмови,најмногу се воодушевував кога во супер маркет им ги куцаа производите на каса,и и викав на мајка ми да ме запише на факултет за касиерка !каква докторка или учителка,касиерка брате!чудо од дете
како мала сум сакала да бидам архитект(поим немам од цртање),инжињер....директор дури помалите деца сум им викала дека се мои работници а јас нивен директор.....докторка сум сакала да станам имав играчки такви...
Како мала сакав да идам секретарка моите ми купија масичка и столче, имавме еден расипан телефон и неколку тетратки, моливчиња и по цел ден седев и зборев: Да господине тука е директорот, повелете па пишував некои "документи" па ги терав мама и тато да потпишуваат
Одсекогаш сакав да бидам пејачка...се запишав и на хор и на музичко,но за жал не продолжив.Мојот сон остана само сон.