Машински или градежен инг... ...и на крај...НИ ЕДНОТО НИ ДРУГОТО...нешто сосема трето....ама сепак успешно
Уште од мали нозе, што е зборот, многу сакав да цртам и да бидам позната модна дизајерка. Многу гледав и Фешн Тв, и коментирав: ''Леле мамоо, ама се убави манекенкиве, и многу убави фустани носат , вауу ''. За најубава професија , ми беше моден дизајнер, апсолутно!
Од помала почнав да гледам Истрага на местото на злосторството и ете тогаш ми се роди желбата да бидам форензичар и детектив.И уште сакам(само што сега знам дека не е се' како во филмовите). Во меѓувреме,имаше период кога сакав да бидам манекенка и глумица,ама ми помина.
Моите желби поминаа низ многу периоди - сопственик на фарма за коњи (ама како во тие американските филмови, да ги тренираш ово оно ) - ветеринар - да работам во шинтерска служба (како од тие емисиите на Animal Planet што ги даваа) - пеачка, глумица, танчерка - се во едно - моден дизајнер А сега сакам нешто со англиски па така да изгледа накај филолошки ми е патот, но ќе видиме има уште многу време
Ко најмала сакав детектив. Ко поголема детектив. Ко по малце поголема детектив. Ко уште малце по-поголема детектив. И сега на 16 пак детектив
Кога бев мала сакав да бидам детектив. Секоја игра ми се состоеше од истражување и барање докази. Имав една армоника, таа ми беше компјутер, а картите за играње ми беа слики од осомничените. Потоа сакав да бидам професорка по англиски јазик. За на крај да завршам како економист.
Ќе бидам ветеринарка и ќе работам во школото по странки јазици на мајка ми како наставничка по англиски јазик. Паралелно. Сакам да бидам ветеринарка зошто не ми се гади од внатрешноста на животните. Тоа го сметам сосема нормално. А за англиски, повеќето време го поминувам во допишување со Pen Pal на интернет и можам доволно да се разберам со него. Имам трпение со помали од мене, тоа го видов со мојата братучедка.
Прво сакав да бидам принцеза . Имав 6-7 години. Потоа докторка, секако. Сега, ниту едно од тие. Сакам да бидам некој научник (мислам дека ќе се запишам на роботика) или нешто такво. Всушност, понекогаш помислувам дека би било забавно да работам во некои тајни научни организации (луда сум, имате нешто против тоа? :geek: ). Но, само помислувам. Исто така, како втора работа, би сакала да пишувам приказни и да цртам аниме. И ќе си ги исполнам соништата...освен онаа со тајната организација . Нема да завршам како економист.
Истото што сакам да бидам и сега, ама тоа по се изгледа никогаш нема да се оствари, зашто живеам тука, во ваква околина или што би рекле некои, можеби ѕвездите ми се лошо распоредени, не знам
Спојлер Стварно заборавив дали имам мислење во оваа тема, па не ми замерувајте ако ми е второ Прво сакав да бидам пеачка, па глумица, па спази, фризерка па наставничка по англиски, па ВОЈНИК дел од тимот на CSI, детектив и уште си мислам на тоа и дилемата ми е меѓу психолог/психијатар, дизајнерка и дел од тимот на TAPS Спојлер ЛОВЕЦ НА ДУХОВИ Ама стварно, појма немам што ќе бидам имам уште време
Сакав да бидам архитект,и да бидам многу богата.Размислував како цртам проект за голема зграда во која ќе бидат сместени деца без родители,бездомници и сиромаси. Исто така имав и друга професија замислено а тоа беше да бидам личен стилист на Бијонсе. А сега сосема друго сакам.