Сакав повеќе професии од полицајка, адвокат па се до архиолог... Никогаш не помислував на професии како доктор, пејачка (антиталент сум за музика), манекенка
Успешен адвокат! Затоа и го одбрав тој факултет, но е премногу тежок, се надевам ќе ми се остварат соништата! Другата професија која ме исполнува е да бидам позната поетеса и писателка, опкружена со еден куп книги!
Многу сакав да станам докторка, можеби влијание имаше татко ми кој редовно ме снабдуваше со медицински помагала, завои, лекови, инекции и такви работи. Но тоа беше краток период додека бев мала и сеуште немав оформено слика за тоа како оди животот. Сега не сакам ни да чујам за медицина или било каква друга природна наука.
Сакав да бидам и книжевник, или пак инспектор за сообраќајна-крим техника. И двете ми се неисполнети желби Како теле се закопав на економија
Докторка и писателка.Второто сеуште сакам да бидам,но за докторка... сега се чудам како сум помислувала на такво нешто.
Цел живот сакав докторка да бидам. Прво педијатар, ама периодот кога ја гледав Вовед во анатомија си ставив во глава дека морам да бидам хирург. Сега студирам биохемија и ништо не испадна од моите долгогодишни планови
Прво сакав да бидам фризерка, па после накај петто одд сакав да бидам кардиолог затоа што мајка ми повеќе сакаше да се определам на медицина , али се предомисли па сакав стујардеса и онака сеа се мислам за туристички водич.Којзнае уште колку професии ке ми паднат на памет..
сакав да бидам докторка па после да бидам архитект ( таа желба се уште ми е во глава ама пустото што не знам да цртам)се откажав од таа идеја иако се уште го посакувам тоа
горе долу ги прочитав постовите и никаде не прочитав нешто слично на моето сите сакаа да бидат докторки продавачки фризерки ( имав периоди сакав да станам таксист незнам зошто ) - а јас мајка , само се шетав со куклата во раце на околу желбата ми остана иста сеуште го сакам тоа но околностите и годините ми покажаа нешто друго .. па се пренасочив сакам да станам педијатар и сум на добар пат кон мојата цел желбата да станам мајка никогаш нема да ми згасне а се надевам ќе ми се оствари само чекам да наидам на вистинскиот кој ќе ми го оствари животниот сон !!!
До мојата 12 година сакав да работам во погребално или во АРМ, после сакав глумица да бидам ама на крај одлучив дека сакам да станам правник.
Јас кога бев мала, сакав да бидам директор Не оти знаев што е тоа, ама сум слушнала сигурно нешто а бе овој остај го директор има пари и јас тоа сум си го врзала во крпче Будали деца
Јас сакав да бидам кардиохирург Ме имаше и кај Џокси во неговото шоу Леле резил бев Ама така е кога што ме научи мама на памет да кажам си изрецитирав, а на подпрашање немав поим да одговорам зошто ни сама незнаев што кажав
Како ептен мала 4-5 годинки сакав да бидам чистачка . После тоа сакав докторка, судија, адвокат.. за на крај да сакам да бидам новинар.