Јас....јас ја сакам астрономијата..... Но, исто така и уметноста, затоа би сакала да бидам познат моден дизајнер или уметник
Астронаут. Многу читам за вселената, нејзините мистерии и факти. Сериозно го сфаќам ова. Е сега со оглед на околностите, местото на живеење и интелектуалниот капацитетите Спојлер не сум јас wiz-kid , мислам дека мали се шансите. Впрочем, јас уште не сум порасната. Има време...
Кога бев мала сакав да бидам ветеринарка, потоа модна дизајнерка, потоа наставничка по англиски. Сега сакам да бидам и Ветеринарка и Наставничка по англиски.
МОДЕН ДИЗАЈНЕР - животен сон!!! А како мала премногу сакав да бидам бидам пејачка. Нон стоп бев со толчникот во раце и на маса бев качена - тоа ми беше бината, а толчникот микрофонот Па и сега имам желба да бидам пејачка Ама тоа нема да ми успее, нема шанси, така да МОДЕН ДИЗАЈНЕР
Секогаш сакав да дадам поразличен одговор од оние вообичаените, па еден долг период како дете кажував дека сакам да бидам моден креатор. Ха-ха! А тоа што ни обично дрво не знам да нацртам... тоа нема врска. Ја чувам уште тетратката, А4, специјално купена за дизајнерските идеи Па како стручен моден дизајнер редовно гледав FTV, хаха. А сега сакам да бидам прфесорка/наставничка по јазик. Не знам кој, ама знам дека сакам да предавам јазик.
Тоа што сакав да бидам кога ќе пораснам,навистина сум тоа сега.Од секогаш сум била сигурна во одлуките.Се чувствувам дека пораснав уште во детството.Многу работи за кои имав негативен став,мислењето не го променив.И кога ќе направам ретроспектива на моите искази за случки во детството,одговорот е непроменлив.
Хахаха леле ме убиваа со тоа прашање кога бев мала како да немаше што друго да ме прашат. Епа вака, бидејки како мала нон стоп си играв со слушалки па шприцеви и разни медицински работи сите мислеа дека ке станам докторка или медицинска сестра . А кога ке ме прашеа што сакам да бидам кога ке пораснам одговарав стујардеса и погодете што открив после 10 години. Дека после секоје зимање крв за проверка се онесвестувам и неможам да ја поднесам миризбата во болницата а тоа за стујардесата едвај се убедив да се качам во авион а кога ке се качам обавезно седам во средина и едвај чекам да слетам. Моите желби од детството останале во минатото
Сакав да бидам балерина. И тоа озбилно. Одев на часови и имав костумче розовко, оригинал ко на балерините. Какви слики имам од тогаш луѓе, мало детенце у розовко со пунџа и без предните заби напред. Срцка.
Сакав што сакав, него што ќе бидам сега е прашањето... Треба да се запишувам на факултет а јас абер си немам ни каде ни што. Почнав сериозно да се загрижувам и веќе ми е проблем.. Се згрозувам од луѓе со промашени струки и работи што ги мразат... Ако нешто не сакам, тоа е да не знам да го работам тоа што го работам. А јас не знам ни ШТО сакам да работам... Мизерно, а?
ехеее..што се не сум посакала. Многу амбициозно дете бев Сакав: пеачка, водителка на бинго, докторка, стјуардеса, библиотекарка..дури едно време и војник сакав да бидам