Желби, желби, безброј имав. Прво сакав да бидам манекенка. Мислам дека е нормална појава во раните години на девојчињата. Потоа, сакав да бидам балерина. Дојде и период кога сакав да бидам докторка, потоа сакав да бидам фризерка, па библиотекарка. Имаше и период кога сакав да бидам актерка и моден дизајнер. Најново беше неурохирург. Моментално, сакам да останам засекогаш дете.
Сакав да бидам докторка. Како мали, тоа вообичаено сите го кажуваа, па ајде и јас. Ама не бегам толку од плановите, пробав медицина... но дефинитвно не оди Сега сакам да бидам професорка.
Јас кога и да ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам секогаш одговарав дека сакам да бидам учителка.И толку многу бев уфилмана во тоа што постојано си игравме на учителки со сестра ми и го подучувавме измисленото одделение.
Јас сакав да бидам наставничка, па докторка , па слаткарка и фризерка . Желбата за фризерка уште ми е останата
моите желби за идната професија постојано се менуваа. прво сакав да бидам манекенка (ц ц ц), дадилка, учителка (ми фалело некое штрафче во глава), програмер, докторка, пилот, дизајнерка, пак дадилка (обожавам дечиња), психијатар, таен аген (леле кога се присетувам на тие денови ), и сега пак сум на психијатар или дадилка....
Учителка, фризерка, стјуардеса и тоа А сега сакам психијатар или наставничка ама до петто одд. (јас би сакала и заболекар да бидам, но ќе ми се слоши од самите машинки )
Како мала отпрвин сакав да бидам балерина, па учителка до 5 одд, после сакав да бидам туристички водич па наст. по англиски и сега сакам адвокат
најпрвин сакав стјуардеса се откажав бидејки имаше едно дете во класот кој ме сакаше и сите знаеа :Р и еднашка наставничката прашува јас кажувам стјуардеса а он пилот :Р па после тоа учителка по англиски таа желба сеуште не зсгаснала..
Принцеза првo (како и сите дее, ), па моден дизајнер ама јас на висок стил, во Америка модна куќа ќе правев, абре филмови, потоа сакав да поседувам фарма за коњи ама и тоа од многу гледање филмови, демек ранчови ово оно и јас многу сакам животни и ајде ќе отварам фарма кога ќе пораснам
Најпрвин сакав да бидам ПЕНЗИОНЕР ..после стујардеса,па новинар и сега моментално или доктор(точно сеуште неам одлучено) или гитаристка.
Архитект,дури и си црткав градби и разни куќички.Кога ми помина тој мерак,сакав докторка да бидам,стално си играв со шприцеви,па правев и алатки за хирургија