Порано многу сакав да станам актерка. Имавме 7-8 години со една другарка и спремни бевме да отидеме во студио во Скопје, ама се издадовме на родителите и планот ни пропадна.. Којзнае, можеби сега ќе бевме актерки Сега пак ме интересираат мода и манекенство, би работела се што е поврзано со мода, дизајнер, козметичар..., а не е на одмет и манекенка да станам, секако тоа најмногу ме привлекува од се, може цел ден да си помине а јас пред огледало со куп алишта .. Во моментов толку сум убедена дека ќе станам манекенка што не помислувам на ништо друго, но ќе видиме.. Аха, ми притекна уште нешто... Би работела за ФБИ Агент, шпион.. Ме интересираат такви работи, криминал,убиства.. Охоо, којзнае што ќе бидне од мене
Ееепа драги феминки јас сакав ЃУБРЕТАР да бидам ! И не, не се зезам, сериозно тоа сакав и кога ќе ме прашаа ама зошто Морти тоа? Јас одговарав па затоа што ќе си се возам секој ден на камионче и ќе си шетам наваму натаму !
Xaxax кога бев мала само на Планет телевизорот беше пуштен и сите бугарски песни ги знаев, па кога ќе ме прашаа што ќе бидам кога ќе пораснам јас: Пеачка во Бугарија. Фала богу, ме премислија на време
Искрено јас кога бев малечка сакав да бидам космонаут кога ќе пораснам. И кога го гледав филмот со Сандра Булок - Гравитација, баш така некако се замислував хахахаа....
Јас од се по нешто сум сакала Најпрво пејачка или глумица после манекенка па фризерка па моден дизајнер и сеа за сеа немам некоја посебна желба
Пејачка или глумица, се до моментот кога мајка ми ми го скрши срцето и не ми рече дека завивам кога пејам и сум најкатастрофалната глумица во историјата. И така сфатив дека нема да ме биде во тие професии и во второ одлучив дека ќе бидам архитект/дизајнер на ентериери. Уште ме држи таа идеја.
Фризерка хахха.. Ставав хулахопки на глава(демек долга коса) и ги чешлав сите со ред по дома... хахаха
Сакав да бидам тв спикерка, моите имаа спална со огледала и ќе седнев пред огледалото и со лист пред мене, буквално ги глумев со сите покрети читајќи вести, нАли? Исто, сакав да бидам археолог, ја засакав многу историјата во 5 одделение, па сакав да откривам нешто што е закопано, сокриено... абе свашта, хаха. А да, во градинка кога одев, дома сите што ќе дојдеа обавезно им правев фризури и то.