Како мала многу со една другарка влагавме во филм дека ќе бидеме ѓубретарки,дека ќе се возиме со камионот(каде ми бил паметот)
Ветеринар. Многу долго тоа го сакав ама еве има неколку години и сфатив дека нема да ми биди иднината поврзана со тоа, иако многу сакам животни. Не се гледам како тоа повеќе.
Сакав да бидам балерина,па пејачка па потоа се премислив и сакав да бидам учителка,па докторка и на крај стјуардеса и сега сум само еден обичен администратор.
Професор или архитект. Знам уште кога бев мала имавме две деца на предшколска возраст и ги учевме онака работите кои нив ги учевме на училиште (кога бев 2-3 одд), а во слободно време дома играчките ги учев по нешто. А знам дека постојано цртав куќи и планови на куќи и му велев на мама дека ќе напрам најуба куќа во која ќе живеам.
Од мали нозе мечтаев и многу сакав да станам Soldier и да работам во некоја специјална единица сеуште еден дел од мене сака да стане тоа, храбро да стојам и да ја бранам татковината и животот би го дал за неа борејќи се.Но животот ме однесе во друга насока па сега сум Тruck Driver мојата втора професија што многу сакав да ја работам па ако ништо друго барем ке ја шетам Европа па и пошироко али дефинитивно војниче ке мечтаам да бидам до крајот на мојот живот.