Продавач на семки, кикиритки и пуканки...шала на страна. Лекар по општа медицина како моите родители, но сум информатичар.
Ништо не сакав доооолго време Кога завршувавме 8мо одд не прашуваше наставничката што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме, сите си кажаа, стигна до мене и да не бидам покуса и реков како од пушка - во банка сакам да работам! Истата песна на крај на средно, само што овој пат и ја затворив устата на тоа препотентно суштество наречено класна - веќе имав добиено стипендија за тоа што сакав...а таа 4 години на мене и на моите им викаше - ОД НЕА ЧОВЕК НЕ БИДУВА! Ништо од тоа што некогаш го сакав, не сум го работела... сепак во МК живееме Да го имав овој памет на времето - ќе бев принцеза
Најмногу од се сакав да бидам наставник, а како растев ја сакав биологијата. Зошто не успеав да се запишам на второто, размислував да одам педагошки за одделенски наставник, не знам зошто не го направив тоа. Ете избрав психологија ама многу поќе би се гледала како психолог во основно училиште или наставник по психологија него како психотерапевт. Ете некои детски желби и професии пуштиле корени.
Сакав џандар но завршив за шпедитер, во меѓу време ги одсакав џандарите ги засакав криминалците, потоа сватив дека се што лета не се јаде, па почнав да летам и тогаш сватив дека сакам да бидам професионален акро пилот, во слободно време психијатар, но за жал сум администратор.
Јас кога бев мала имав желба кога ќе пораснам да чистам по куќи, бидејќи мајка ми не ми дозволуваше да чистам по дома.
Сакав и сум медицинска сестра и пак да треба да избирам пак би избрала да бидам она што сум.... Посебно е чувството кога за некого правиш нешто корисно добро посебно за децата Гордост ми е што сум пед.мед. сестра
Јас сакав да бидам касиер-ка во супермаркет.Оваа желба е родена негде во раните 90-ти кога имав 5/6 години.Многу гледав филмови иако не читав,и бев фасцинирана од ласерскиот бар-код читач,кога правеа бииип на артиклите,ми изгледаше научна фантастика тоа!:растена во Кавадарци со самопослуги и маалски бакалници како трговски објекти).На секоја таква сцена се вртев кон мајка ми со зборовите:- Те молам кога ке пораснам да ме пуштиш на ваков факултет во Америка
Мајка ми ми има кажувано дека кога сум била во градинка сум сакала еден ден да продавам на пазар. Потоа во прво одделение сите девојчиња кажуваа докторка, а јас не знаев што да кажам и да не биде ништо не сум кажала, реков докторка. Сакав и дизајнер, фризер.
Ко ептен мала, сум викала дека кога ќе пораснам сакам да сум бебе. За да спијам колку сакам, јадам и да ме носат насекаде. После тоа, еден краток период сакав да бидам пејачка или глумица, ама среќа брзо сфатив дека ни за двете не ме бива, па од тогаш наваму: архитект.
сакав да бидам судика па потоа наставничка а сега сакам да работам со мали дечиња, мислам дека само таа работа ќе ме исполни и прави среќна