Продавачка, не знам оти Ми беше интересно, и секогаш си играв дома со парите од монополот, па штракав на дигитрони, демек ја пресметувам сметката... после кога се отворија супермаркетите, на компјутер играв, "титкав" баркодови, наплаќав... ама не станав продавачка.
Ревизорка сум сакала уште од мала, едно време се мислев и меѓу доктора или професорка ама сфатив дека имам страв да не згрешам нешто со пациенетот, немам прецизни раце а и дека немам нерви да бидам професорка.
Госпоѓа Госпоѓа Гаврилица. Бев фасцинирана од она Господин Господин кај Архиепископот тогашен, па со ниет бев да го мажам.
Професорка мислам дека сакав А мислев како мала дека јас никогаш нема да научам нити еден јазик и им се чудев на децата што успеваа да научат На крај испадна да научам 3 јазици плус уште еден делумно. Живот бе..
Пилот или војно лице,на војна академија сакав да се запишам,ама пусто мое само на желба остана,во тоа време Рајловац го имав одбрано
Адвокатка,актерка,новинарка,политичарка,полицајка... Сега сакам да си најдам чесна работа со која ќе можам да си дозволам убави нешта и да плаќам сметки.
Доктор или фармацевт сега сум биолог, не суден доктор зашто мајка ми не беше фасцинирана кога и кажав дека сакам да сум Патолог и да работам на Судска медицина
Детективка , професорка по англиски ( строго по англиски ) , воено лице ( најмногу сакав да сум мајор или постар водник ) , пилот , дизајнерка . Мојата чудесна глава ... П . С . Сеуште сакам да сум детективка или воено лице . Ама колку желбата може да стане реалност ..