Се сеќавам како да беше вчера. Сакав да бидам војник, тогаш поради големата желба да направам татко ми да биде горд на мене.
Докторка, хирург. Од секогаш и сеуште тоа ми е во срцето. Како некоја неостварена желба. But I guess, life goes on...
Бев запишана средно медицинско. Продолжив за докторка но прекирав поради Х причини, а сега сум мед.сестра. п.с сакав и сакам да сум докторка.
Кога бев многу мала сакав да бидам глумица или пеачка, облекував штикли и со четка за коса прев пред огледало.
Сакав детектив да станам бев премногу инспирирана од серијата закон и ред, и на крај се запишав стоматологија.
Имав многу желби како мала. Сакав да бидам актерка, потоа балерина. Од кога почнавме на школо многу сакав историја и мислев тоа да го студирам. А денес сум психолог.