Секогаш кога ќе ме прашаа што сакам да бидам им кажував докторка и еве сега сум на пат за докторка! хаха а да паметам дека и покрај тоа сакав и судија или адвокат , пилот и стујардеса, а тоа за пилотот , хмм би си исполнила една таква желба кога би имала малце повеќе пари за да си купам едно малоо авионче
од 3 год. па се до 4 одд. сакав да бидам пејачка и актерка ... а во 4 одд. посакав да бидам наставничка или професорка по англиски, македонски и шпански .. таа желба во 4 одд. ја добив од наставничката по англиски, мн. ја сакав ( како наставничка ) и бидејќи таа не научи како да ги сакаме јазиците, во мене се појави желба да бидам наст. или проф. таа желба ми трае и ден денес , па ќе видиме што ќе биде
леле и јас кога и да ме прашаа , актерка и ништо друго .И сеуште сакам да ..ама потешко кај нас за таа професија , во странство да
Докторка Често купував такви за диши-диши и ги прегледував мајками и татко ми И животна страст ми е да бидам стујардеса
Сакав да бидат учителка мала кога бев 6,7 години, актерка сакав оти често ме носеа во театар и секогаш дома глумев и имитарав посебно Ленче од Бегалка , новинар сакав 11, 12 години кога имав, уредувач на ентериер во домот 13,14, и сега последна желба ми е уметнички продуцент или евентуално археолог само се предомислувам
Докторка - и уште сакам. Ептен се испозанесов дека морам да бидам хирург кога почнав да гледам Grey's Anatomy. Сега единствена желба ми е гинеколог. Не, не сакам да гледам п..... !
Јас сакав да бидам водителка Како мала секогаш правев дома претстави, пеев глумев, пред огледало со саати си зборував како на емисија, правев маалски квизови, уста не затварав,. На сите ни е мило што се променив
Како мала , се сеќавам дека татко ми ми викаше дека певачица ќе бидам Дали се зафркаваше дали озбилен беше .. ден денес не знам
хахха леле кога ќе се сетам смеа ме фаќа.Сакав да бидам балерина,веројатно зошто многу ја сакам музиката.
3-4 години нормално пеачка (како Каролина) после немав никаква желба, па во основно сакав воено лице и во средно професорите ми го откриа талентот и сеа за сеа програмерче најмногу сакам