Астронаут, многу сакав да слушам за ѕвездите, месечината, планетите. Летно време навечер ќе седевме со баба ми и дедо ми на балкон и постојано ќе ги прашував нешто во врска со ѕвездите, па колку се далеку, па за месечината и случни нешта. Штета што кај нас оваа наука не се развива и не се инвестира во неа.
Учителка секако, па моден креатор. Кога почнав да разбирам сакав да бидам физиотерапевт на македонска репрезентација. Па сакав војник. Барем знаев што сакам, сега ни тоа.
Актерка, докторка , учителка и ништо од ова не сум хаха Всушност за мојата професија не знаев дека постои кога бев мала
Пилот. Ме имаат моите снимено на касета со прашањево, и песничка после пеам за тоа. Знам дека после добив поклон камион, па глумевме со другар ми како сме шофери и викав кога ќе пораснам сакам да одам во Америка и да возам големи камиони. Ех дете, дете...
Сакав да бидам професорка. Сега работам нешто друго, и не се каам. Искрено, како професорка ќе си дремев сега дома без работа.