После секоја гледана серија сум сакала да бидам, докторка , полицајка , детективка , да имам своја фирма , пак да работам во аптека ....Значи од мало незнам што сакам да бидам...Хахахаха
Полицајка или учителка... Па и не сум се оддалечила од желбите.... Ја имам професијата што од мала сум ја сакала...
ТВ водителка! Умирав од желба да ме дават на ТВ како водителка на некое шоу! Тоа ми беше желба кога бев дете на возраст од 7,8,9 години... ама ништо од желбата, остана неисполнета
Паа.. најпрво сакав ветеринар.... потоа моден дизајнер, па сакав да дизајнирам куќи т.е ентериерот исто така сакав и архитект, но се откажав од оваа желба бидејќи математиката не е мојата најсилна страна .... сакаав адвокат едно време... потоа сакав актерка ... што уште не сум сакала.... пред некое време размислував за научник за човечкото тело поточно мозокот и нервниот систем ... сега сакам Психолог... многу ме влече психологијата повторно за човекот неговиот мозок и душа... Па ќе видам што ќе излезе на крај
Јас како малечка најпрво што сакав е да бидам УЧИТЕЛКА па потоа докторка судивка адвокатка полицајка и ред други професии, но си останав доследна на првата Јас сум дипломиран педагог и се надевам дека еден ден и ќе бидам вистинска УЧИТЕЛКА
Сакав да бидам астронаут , отсекогаш сум се интересирала за вселената и голема желба ми е некогаш во животот да ја видам нашата ни мила планета од далеку
Сакав да бидам аптекарка Уште од мала тоа ми беше најголема желба.Се мислев и средно да се запишам фармација.Ама се откажав бидејќи не ја сакам хемијата воопшто Сега студирам на англиски,така да ништо од мојата замисла и желба за мене од мали нозе
Колку само работи сум посакала да бидам, за смеење сум. најпрво на нешто што се сеќавам е дека сакав да бидам учителка во основно школо за секој празник и 8ми март да ме опсипуваат учениците со подароци Одсекогаш сум вриштела по дома, па бев убедена дека имам феноменален глас и сакав да бидам пејачка, да пеам на евровизија и да и донесам победа на Македонија, леле дури и сцената ја имам замислувано хахахха дете бруки После сфатив дека не ме бива за пеење, па се преоириентирав на професорка по Англиски јазик, али ми помина и таа желба. Едно време исто паднав у тешки филмови да бидам актерка ама стриктно да ја имам улогата на лошотијата во Шпанска серија, па како што растам таа желба се пресели во актерка исто но во Холивуд (сега уште имам желба да глумам во некое филмче било какво па макар и Индијско хахахха) Одкако се запишав во средно сакав да бидам менаџер, па сеа најверојатно уште сакам да сум менаџер но и индустриски инженер па ќе видиме што следна желба ќе добијам
Астроном. И сеуште ми се допаѓа таа професија. Само штета што кај нас нема ваков факултет. Отсекогаш сум сакала да ги истражувам ѕвездите и планетите. Многу ме интересира што се случува надвор од нашата планета. Сакам длабоко да навлезам во мистиката на галаксијата. Ама морам да се задоволам само со емисиите на Discovery и на National Geographic
Јас кога бев мала викав дека кога ќе пораснам сакам да бидам Лепа Брена Како ми текнало само После сакав да бидам водителка и кога ќе купевме весник секогаш читав најава за програмата на ТВ Па сакав да бидам професорка по математика,новинарка,правник.....и сега сум економист
Полицајка, од мала сонував дека еден ден ќе бидам полицајка и лани поднесов докоменти на факултетот за безбедност но ме одбиа
Како мала многу сакав да бидам пеачка, по цели денови пеев Потоа си замислував дека сум водителка, спикерка, глумица...
од кога памтам за мене сакав детектив или кај нас познато инспектор ... и си стоев до таа желба до запишување на факултет, па ден пред уписот не знам од каде се премислив за правен факултет... уште ми е желба да го работам тоа што го сакав само шо кај нас во државичкава тешко дека ќе просперираш а и ништо посебно не се работи во таа област. Си се тешам со тоа што правниов опфаќа доста гранки па да сакам можам да работам и како инспекторка, само што којзнае што ќе биде..
сакав и сакам да сум стјуардеса...и секогаш ќе сакам...ама пораснав знам дека соништата се соништа...
Сакав да бидам докторка и мислам дека сега оваа желба ми е во тек на исполнување дури можеби ке бидам и повеќе од докторка (се заљубив во професијата)
jas od sekogas sakav da bidam doktorka.koga bev mala majka mi sosi mantil i mi kupi doktorski igracki i uste poveke ja zasakav ovaa profesija...i sega se nadevam deka ke go postignam toa )) pozz [mod-kirilica:30a2ptky][/mod-kirilica:30a2ptky]