Еве што сакав јас да бидам... 1. 5 год.-Учителка. 2. 7 год.-Автомеханичарка (од кај ми е текнало-врска неам). 3. 8 год.-Пеачка. 4. 9 год.-Да отворам дом за миленици. 5. 10 год.-Ветеринар 6. 11 год.-Пожарникар... Сеа за сеа ќе се држам до последното...
Јас како мала најпрво сакав да бидам пејачка,дури и дедо ми ми направи микрофон од дрво и по цел ден само пеев,а потоа сакав да бидам учителка
Како мала сакав да бидам наставничка. Па туристички водич. Па судски вештак. Актерка. И писателка. Верувале или не, се' уште ги имам истите желби
Од манекенка,балерина, учителка, археолог, детектив, пејачка,козметичарка, до космонаут Пред некој ден најдов тетратка од второ каде што имав тема "Што сакам да бидам кога ке пораснам" Сум пишувала 300 работи но дека сакам да завршам 2 факлутета, и дека на едниот од нив да магистрирам Свашта Но најголема желба која сеуште е присутна е да станам актерка, ама не овде туку во поразвиените држави. И не во театар туку на филм За жал тоа нема шанси да ми се оствари . Премногу фантазирам. Знам.
Јас уште на четири-пет години си мечтаев за мојата идна професија. Дете како дете, сакав да бидам учителка, едно време сакав да бидам фризерка , а најразумна желба како помала ми беше да бидам адвокат. До пред некое време сакав да бидам адвокат, но се премислив. Моментално мечтаам за да бидам новинар, но додека да се запишам на факултет може уште три пати ќе се премислам.
Охооо, што се не Сакав да бидам стјуардеса. Уште од малечка знаев и чуствував дека сум преодредена да учам многу јазици и си велев - ете, знам веќе сега јазици, ќе поднаучам уште по некој и ќе го спојам практичното со убавото - ќе патувам и ќе си зборувам на многу светски јазици и ќе комуницирам со многу луѓе Потоа сакав да бидам детектив. Сакав да бидам секси таен агент кој ќе разоткрива валкани зделки и ќе ги испоапси сите лоши луѓе на планетава. На крај сакав многу да бидам новинар/балерина. Две во едно Сакав да пишувам музички и филмски рецензии. Се замислував многу пати како патувам со фотоапаратот низ цел свет и си правам муабет со многубројни ѕвезди од филмската и музичката индустрија. Па потоа се враќам дома, ја пишувам статијата и секогаш наоѓам време да се затворам во мојата специјална просторија за вежбање и таму измислувам кореографии или само играм пред огледалото и се опуштам после напорниот работен ден, нешто како во Флеш Денс Оф колку ли само се слатки детските фантазии. Па кога ќе размислам, сеуште би сакала нешто од горенаведеново да се исполни
Многу сакав да бидам стјуардеса, зошто гледајќи филмови си замислував дека сите се згодни, убави и услужливи. Потоа сакав да бидам наставничка. Па готвачка во голем ресторан. Па водителка на тв емисија. Па ветеринар. Глумица и писателка ми се сеуште големи желби, значи делумно се исполнети , а имам многу време.... Друго...па и судика сакав да станам. И веројано таа желба ги надвладеа другите во изборот за факултет
кога сум била најмала сум сакал да бидам докторка и пеачка (комбинација убиј боже) потоа сакав да будам астроном но сватив дека математика и физика не ми лежат, па онда туристички водич да ги спојам патувањата со јазиците кои ми лежат нели а во средно сакав и уште сакам актерство ама во театар тоа ми е една најголема желба го обожавав театарот. и на крај завршив сосем друго правен... и не се каам најпрофитабилна професија
Многу работи Прво сакав докторка да бидам ама кога пораснав и сватив дека игла во кожа да им ставам на луѓето и да гледам крв ноу тенкс едно време сакав да бидам фризерка пејачка глумица ма што не и сега испадна од година д аидам на туризам гајле ми е барем ќе се изнашетам а и има пари во тоа
Сакав да работам во туристичка агенција како туристички водич и постојано да патувам за разни мста во светот .Но не ми се исполни желбата сега сум економист
хехе најпрво сакав да бидам пеачка и дома знам дека музиката ја трештев до даска и пеев на цел глас и сите бегаа у другата соба да не ме слушат После тоа сакав да бидам учителка па потоа актерка е сега за сега знам дека ништо од тие работи небива за накај 7-8 год би сакала да бидам психолог во некое школо па незнам што како можда ке се предомислам до утре се си може
Сакав да бидам стјуардеса. Отсекогаш ме импресионирале младите, убави, средени, паметни стјуардеси Потоа ми се јави желба да бидам глумица, а го имам и талентот Некогаш посакувам да бидам и професорка )
Па мислам дека едно исто сите девојчиња речиси сакаме ако збориме за оние години кога сме ептен малецки. Гледам пишале туристички водич, јас сум немала поима пример до 10 години дека постои таа професија Сум сакала тоа што гледаме на телевизија манекенки, глумици, пејачки, ах да никако да не заборавиме докторки! И да учителки. Ааа и продавачки Па 10 професии се на се сме знаеле дека постојат