Сакав да бидам директорка После ми се уврте во глава да бидам „Гувернер на народна банка„ не дека знаев што е тоа, онака ми беше звучно! Во средно сакав да бидам брокер
Ќе кажам што сакав да бидам,ама немојте да ми се смеете,ептен бев мала тогаш... Прво сакав да бидам кафанска пејачка и тоа кафанска беее.Секоја година одевме во Бугарија на одмор и таа пејачка ми ја пееше кукавица од Цеца,многу ја сакав,па така ми се виде убаво пејачка да сум.Дете... А потоа сакав да бидам слугинка. Можеби затоа сега сум толку голема мрза Сите ми се чудеа.Сите деца сакаа да бидат докторки,учителки,а јас....ама професии сум бирала
Daniela ме пресмеа со постов! И јас имав порано некои луди желби хахах замислете бе сакав да работам на каса во продавница и на ПАТАРИНА!? Што знам, ми беше интересно цел ден да враќам кусур А сеа ствари су се мало промениле, па ваљда ќе бидне од мене професор еден ден (според професијата)
Еее епа сега и јас професорка би требало да бидам,ама тогаш...многу сум знаела,мочла А инаку тоа за патарина и не ти е толку лошо
Коа тргнав во градинка сакав да бидам учителка, тоа ме дрзеже до 3то одд. Потоа сакав да бидам ветеринар, па адвокат, но воо последно јазициве ми се в глава. Па изгледа од мене професор по некој странски јаззик ќе излезе. Можеби на децата ваши ќе им предавам. хеххехехехехехехех Шала. Инаку, неостварена желба ми е да отворам дом за улични кучиња. единствено тоа сеуште ме држи од малечка, се друго се смени.
Јас сакав да бидам докторка, ветеринар, хирург или астронаут. Се нешто со луѓе, животни и вонземјани. хахахаха Иначе сега уште ме држи желбата за ветеринар и хирург, а може и научник да станам А по некоја година може за адвокат ќе размислувам ... се' се очекува од мене А малечкиве денеска, сите си мислат дека принцези и фудбалери ќе бидат Lucky them
како мала бев многу болна и секое одење на инекција докторките ми го даваа шприцот ги имав дома на сите страни па мајка ми почна да ми купува играчки за докторка сакав да станам докторка до 5 одд преовладуваше таа зелба но сега веке ја немам сега сакам да станам писател бидејќи пишувам проза и поезија и на многу конкурси се избирани моите дела и имам многу награди од тоа.
сакам да бидам адвокат или судија....исто така и фото модел ...и моден дезајнер.....и шминкерка....и психолог....моите желби да бидам во животот!!!
Најмногу сакав да бидам продавачка во продавница за чоколади,исто така многу сакав да бидам стујардеса и директорка
Кога бев помала многу сакав да бидам пеачка, нели сон на скоро сите мали девојчиња. После тоа сакав да станам писателка и можам да речам дека сеуште ме држи таа желба ама сепак гледам реално на ситуацијата и сваќам дека не можат сите да бидат пеачки и писателки. Така да, најреално за мене е да станам преведувач или па во најлош случај наставник или професор во училиште по англиски јазик или сеедно некој јазик. Велам најлош случај зашто не би можела да работам со деца и едноставно не ми се допаѓа таа работа. Немам живци јас за тоа. А баш би ме радувало на пример ако во слободно време би пишувала по некое романче, ама ајде здравје, има време.
модел се пробав во тие води боже колку вежбав и се изгладнував но фаламу на бога сватив дека од таа професија леб нема
Сакав да бидам новинарка. Да работам за некое списание, па во посебни тетратки лепев исечоци од разни списанија и си правев свое хехе. Многу сакав да составувам квизови и обавезно со другарките од маалото игравме квиз, јас водителка, тие одговараа на прашања.
Детектив и судски вештак....цццц.............и уште сакам и ми се неостварени желби.....пред некое време во подрум домче најдов во второ одделение песничка сум напишала, почнува...голема желба имам детектив јас да станам, случаи да испитувам, земја моја од криминалци да бранам ...не ми биле баш јасни работите, ама желбата кристално јасна ми била ...бидејќи уште е истата
Генерал во војска Уште во прво одделение знаев дека воената академија не прима секогаш студенти и броев дали кога јас ќе треба да се запишам ќе можам
Кога бев мала сакав да бидам докторка и продавачка,како пораснав ми се смени мислењето .. сакам да сум адвокат и во иднина сигурно ќе бидам во тие води