кога бев мала сакав да бидам докторка, полицајка или стјуардеса ама животот ме однесе во сосема различни води во светот на почеток со учителството, а подоцна со бизнисот и коресподенцијата
докторка или учителка...завршив медицинско(само за мед.сестра) и после се запишав на педагошки(и се отпишав).пробав да станам едно од двете а сега заглавив со економија
Глумица,пејачка спикерка најмногу посакував да сум пред микрофон да рецитирам. А,денес од овој агол на нештата сфатив дека сум родена за курир или поштар само да сум во движење или помодерно односи со јавноста само да зборам,да не сум на едно исто место комуникација со луге во тоа си се пронаогам најповеке.
Многу ги сакав девојките што ги даваа на натпреварите во уметничко лизгање, и нон-стоп викав дека кога ќе пораснам ќе станам ЛИЗГАЛКА!
Кога бев мала сакав да бидам ветеринар, и бев убедена дека средно ќе учам за тоа но кога дознав дека за ветеринар треба да учам во земјоделско се одкажав. Сеуште имам преголема љубов кон животните и се андевам дека некој ден ќе направам нешто за нив.
сакав да бидам : 1.продавачка (зашто како мала мислев да си отворам продавница само јас да си работам и сите што ќе ми купуваат сите пари да бидат за мене) 2.медицинска сестра(сакав да им ставам на луѓето инекции ) 3.полицаец 4.детектив и сега за сега не знам сто ќе бидам
Психолог, пегагог, психијатар. (У тој смислол - психологија) :geek: Од секогаш сум сакала да бидам воено лице или полицајка - сакам да трчам, да спортувам, нели од оние војниците што ги прават вежбите. Ах, тоа ми е животна желба, ама мислам дека .. Можеби и ќе бидам. Ветеринар. Далеку ми е школото, би требало со 2-3 автобуси да одам.
Уччителка, верувам како и повеќето деца што денес тоа им е желба, а сега кога ке рамислам.. ало учителка? мисловна именка. без навреда.
Прво сакав да бидам балерина, потоа каратистка, па тенисерка, па свирев на иструмент во основно во оркестар и сакав да бидам музичарка славна, па пејачка-ама глас имав како гавран т.е чавка... Кога малку потпораснав го гледав филмот "Неколку добри луѓе" и тоа беше пресудно...а lawyer http://www.acephotos.org/c10462270/a-fe ... photo.html
Премногу сакав да бидам Адвокат. Завршив средно правно, а кога дојде време за на факултет да се запишам, избегав од правен хахахаха.
Татко ми сакаше да бидам професор Мајка ми сакаше да бидам доктор А јас ги слушав и двајцата што сакаат да бидам...си терав по свое ...некако вака му идеше И на крај самата си одлучив Бизнис . И да не се жалам ... ама понекогаш кога ми е преку глава од него ... сакам да сум на времето кога што си терав по свое
Хахаха браво за темава... Кога бев мала сакав да бидам пеачка.Толку многу се глупирав пред огледало со мириси во рака кои ми беа микрофони и со штикли во кои ноџето ми пропаѓаше ама баш ми беше гајле и си се осеќав ко да сум на бина И ден денес таа амбиција не ми згасна, но сепак не го одбрав тоа како професија бидејки нема просперитет од тоа во нашава држава.Сепак ми е хоби кое од малечка сум го сакала
Татко ми сака да бидам архитект, мајка ми пеачка , а јас си сакам актерка. Би требало да биде нешто од мене според овие желби..