најмногу сакав да бидам стуајрдеса...од мала сакав многуу да патувам и сега кога ќе ми текне на ова понекогаш ми навираат солзи,посакувам да можам да си го исполна тој детски сон....а инаку сакави актерка,пејачка,докторка,,..но ова со стујардесава најмногу ме влечеше ...децааа !!! а сега не знам што сакам..се уште сум средно и учам економски..но се може да биде
најмногу сакав да бидам полицајка, арно ама некако поинаку изгледаат работите. многу ги сакам луѓето во униформа
Нешто поврзано со сцена, музика. Сакав да бидам актерка, пејачка, балерина, поетеса... Многу од тие нешта успешно си ги спроведувам и ден денешен иако немам, реално професија што може да ми ги собере сите желби од детството. А, да ќе заборавев - многу сакав да бидам ѓубреџија, за да им мафтам на сите наоколу качена на камионот полн со ѓубре И отсекогаш мечтаев за Макфест, да победам како Олгица Христовска, зошто Зајди зајди ми беше омилена песна и ја пеев пред огледало со дезодоранс во рака
како помала сакав да бидам балерина :Д а сега сакам да бидам актерка,пејачка, а најмногу да бидам манекенка но секој ден се повеке се оддалечувам од таа желба....
многу сакав да бидам манекенка,пораснав малку па оцајно сакав да бидам докторка ама не обицна сакав да бидам хирург,се секавам на патот имасе едно ма4е мртво бесе го прегазила некоја кола.јас будала мала ке го вракам во зивот па му врсев операции брутално ама мене ми бесе забавно опседната бев со медицината па полека сонот ми се остварува 4екорам по патот кон мојата цел
Уметник. Од мала сум со молив во рака, цртам убаво и кога не правев ништо со прстот си ,,цртав,, на маса. Многу често бев опоменувана од наставничката затоа што многу ги шкртав клупите. Од петто одделение сакав да сум наставничка по биологија а сега учам за сосем друго.
Првата желба ми беше хигиеничарка. Паметам бевме кај баба ми и ја прашаа сестра ми Вероника што сакаш да бидеш? -Наставничка по француски. А ти Мерче? -Чистачка во школо. После тоа сакав да сум дизајнер (не дека не сакам и сега, но тоа е само пасија), шминкерка, стоматолог, пластичен хирург. Последниве две ги гледав како склоп на работи кои ме интересираат, дизајн и медицина. Демек ќе дизајнирам нечие лице или заб. Сега се држам кон египтологија. Никогаш нема да го преболам ова нешто. А како резерва ми стојат шминкерство, професор и сметководство.
Јас сакав да бидам наставничка по македонски(сакам многу да читам)... втора опција детектив, убаво ми е да истражувам и уште од мала ги гледав филмовите со убиства а не излезе ни едното ни другото.
хаха и јас истото го имав прва моја желба беше да бидам автомеханичар, а како не би кога пораснав во фиќиото на татко ми. Од бебе морал да ме вози низ маало со колата за да заспијам инаку крајници сум корнела цела вечер. Плус спроти куќата кај што живеевме имаше салон за поправање. Редовен гостин од рани зори. Неколку фустанчиња и имам јас изшарано со уље, само да изгледам ко автомеханичарот. После оваа желба се стабилизирав. Потоа сакав правник, адвокат. Татко ми долги години работеше и буквално пораснав во неговата канцеларија со неговите предмети. Очите ми се кокореа кога го слушав како објаснува за некои случаи, бидејќи и тој си уживаше во тоа. А, и како не би кога го гледав како мала како спрема правосуден. Заспивавме со брат ми до него додека ги читаше огромните книги, за кои што секогаш велеше еден ден ќе се мои. Нормално во таа насока продолжив, но не баш адвокат. Сакав и архитектура, уметност, литература и јазици. Сите тие работи ми лежат, но едноставно ова другото надвладеа. Цртањето и пишувањето ги сфатив како нешта кои можам да ги користам во слободното време за лечење и хранење на душата, пак јазиците да ги учам на курс. Така и правев. На крајот сепак излезе мојата прва работа во животот, со заработени пари говорам (бидејќи и други нешта работев, но за лепе очи да не речам ) да е пишувачка. Но, потоа се променија работите. Паметам дека уште во средно училишта имав направено список со работи кои треба да ги направам до 30 години, а бидејќи ми остануваат уште две до тогаш, можам само а кажам дека оние две љубови кои ги оставив како за душата и мозок... ќе треба да престанам да ги запоставувам толку често, како што до сега практикував.
од мала сакав да бидам или наставничка или пеачка.. стално го земав дезодорансот..пуштав музика до даска..и пеев ко будала хД
Полицајка..учам сообракајно ама треба да идам на факултет за полицајка..ама сеа сум во двоумење на козметичарка или фризерка да земам курс некако не ми се оди на факултет
дизајнер на хемиските соединенија затоа сега учам факултет за дизајн а потоа на магистратура за нуклеарна физика