ATTENTION! Лигав пост ис каминг! Драг Дедо Мраз, кога пред неколку години ти побарав мнооогу чоколади, сега сакам да ги претвориш во Здравје за мене и за моите најсакани. Кога ти побарав мече играчка, сега ти барам мнооогу прегратки во наредната година; Кога ти побарав сите да ми бидат петки, сега би сакала да го положам FC испитот и да ги направам моите горди; Кога ти побарав секогаш да бидам дете, ти не ми го овозможи тоа. Затоа сега барам да се пораснам во зрела, паметна девојка. Љубовта сама ми дојде, па затоа барам да овозможиш да остане. Спојлер OR ELSE!!!
Индекс пооолн со оценки иако тек тогаш почнува јануарска сесија. А да и стоперки. И повеќе попусти на облеката зошто фати јака беспарица. И секако, world peace.
Петки бре, од горе до долу! :geek: И еден дечко - ако му е ќеф да ми донесе, ако не, сама ќе си земам, до Нова година ќе ги спуштат на попуст, ух.
Здравје за мене и моите најблиски, уште повеќе Љубов и да ги подредиш коцките фино, за да почнам да живеам со дечко ми. Фала Дедо Мраз.
Сакам здравје за мене и моите најблиски и љубов , а кога го имаш тоа се друго си доаѓа само од себе .
Нека ми донесе плишано Пикачу и те молам Дедо Мраз да не се разочарувам веќе во љубовта за др сфери добро е
Освен тоа погоре секако дека сакам внатрешен мир, здравје и среќа и љубов секакоо, ова мислам дека е најосновно што го сакам секогаш не секоја година, туку секој ден . Тенкју Санта клаус и јас те сакам .
Помина времето кога сакав само еден куп алишта ,чевли,шминки,ташни,кола,стан....... Сакам само здравје на мене и моите најблиски.Здравје,па другото се ќе биде по ред.Само да не служи тоа Да сме живи и здрави сите! Cheers
Алишта, алишта, купишта алишта и чевли!!! Многу, многу, многу, сите ормани во куќата да се исполнат! Плус тенко тело, а новчаничето да не биде тенко. Додуше, тоа нека биде тенко, ама на сметката во банка нека си се множат нулички!! И плус, нова љубов! А да, возачка и кола!! Доста е за оваа година!