Прво и најважно Здравје како мене така и на тие околу мене Нов мобилен Аа и.... Спојлер и секако снег сакаме нели?
Нека ми го негува здравјето и разумот, не мора ништо да ми носи, јас ќе си донесам, само нека припази на овие две работи..
Освен здравје за мене и моите најблиски Спојлер тоа не морам ни да го наведам како желба сакам диплома во 2012год.
Пред се здравје за мене и моите најблиски, и нешто што многу ми треба периодов, а тоа е воља и сила да завршам со некои незавршени проекти во мојов живот за да можам конечно да здивнам, да го опуштам згрченово лице и да продолжам да живеам...
Дедо Мраз во новата 2012 донеси ми дебела банкарска сметка и тенко тело.. само немој тоа да го побркаш како лани
Дедо Мраз во Новата 2012 сакам да ми донесеш МНОГУ љубов, здравје, среќа, успех, убавина, пари и многу убави моментии...
Како и повеќето овде, посакувам здравје за мене и најблиските, здрав разум, малку повеќе среќа во новата година па се останато само ќе си дојде. Ах да, ќе заборавев, ќе ми треба и многу сила да ја издржам бурата која ќе следи..
Јас моето списоче синоќа си го оставив во чорапката и сабајле го немашеееееееее Значи Дедо Мраз го земал.... ЈУПИИИИИИИИИИИИИИИИИИ Сега до божиќ секој ден очекувам по едно подароче во неа, исто како лани (Од кај ќе најде мажулево пари, појма немам ) Иначе на списочето има : резервација за Венеција, чорапки, капче, шалче, ракавички, чизмички, јакничка, блузичка, гумени бомбони х 10 , долен веш , часовник, менѓушки, ламба, книга...до секое плус љубов, и до највистинскиот Дедо Мраз - здравје, среќа, љубов и парички