Првин сакам Мир па здравје ... И една убава љубов И сакам цела година да ми е исполнета со љубов и да има љубов насекаде
Пред се здравје. Да ми се здрави и живи и на број луѓето што ги сакам, да ми се секогаш тука и сите да бидеме среќни. Мир, насекаде и секаков, без него џабе е. Повеќе позитивно расположение и убави моменти, радост. Вистински пријатели, доста е и еден да е, колку барем еднаш во животов да почувствувам што значи да имаш вистински пријател (ако постои, нормално). Фала Дедо Мраз!
Здравје,среќа,мир,љубов... А да и мобилен телефон зашто овој брат ми никако да се накани да ми купи,а стариот ми е веќе крш
Сакам да ми донесе здравје, мене и на моите блиски. Да ми донесе среќа и пари, многу ми се потребни оваа година. Ќе треба да полагам матура, уписи на факултет... ахх.. Нека ми донесе порака во која ќе пишува дека цела 2012 година ќе ми биде најуспешна!
Ако Дедо Мраз носи емоионална подршка,среќа,здраје мир,и сите Божји благослои,тоа го сакам, а намногу,(дом)мој ,и се разбира моите најмили да се покрај мене секогаш ,здраи среќни тоа е најбитно
Или барем помогни ми да бидам одлична на полугодие па моите родители да ми го купат, да не се трошиш ти многу.
Годинава ќе бидам скромна во моите барања и нема многу да го измачам. Драг Дедо Мраз, сакам само: здравје, среќа, радост, љубов и една Гучи ташна полна кеш
мир,среќа,здравје,љубов,здрави и среќни новороденчиња Спојлер и успат ако има некоја торба (полна со пари )
Горде и мене Дедо Мраз никако да ми ја донесе маздичката, а секоја година ја посакувам, и слика ставив во чорапчето да не ја утне бојата, ама пак ништо.