Сакам да ми ги донесе мама и тато да се видиме. Многу ми недостигат...Цела година само на телефон муабетиме, ама не е тоа тоа...сакам да ги видам...
Прво здравје за мене и моите најблиски, мир и спокој, успешно положена државна матура (ветувам и јас ќе го загреам столчето). И љубов, вистинска и искрена.
Моментално 100 000 илјади евра, ама Дедо Млаз од Коњари уствари како беше постоеше бе? Ако постои кажете му дека една феминка му бара пари, друго ништо.
Прво и најважно здравје. После мир, хармонија, радост и среќа. И нешто најважно, нови, убави и среќни приказни за мене и моето братче.
Дедо Мраз ми кажа да направам листа што сакаат вредните феминки да им донесе и да му ја испратам. Затоа феминки, кој не си кажал да си каже оти кај и да е ќе му ја испратам листава со желби. Сте биле послушни годинава па секому ќе му биде исполнета желбата. Јас си сакам еден дечко да ми прати згоден. Пошто е криза и да го испрати без алишта ќе разберам
Можеби ќе звучам здодевно, но најважно ми е здравје и среќа. А како материјални подароци, би сакала во торбата да стави..
Се знае здравје,љубов и среќа за мене и оние кои значат во мојот живот. Е сега, прибидејќи Дедо Мраз е повеќе од дарежлив би посакала да ми донесе некој чек од неколку илјади евричи(не барам многу)па јас сама знам да си ги исполнам моите желби
^ Јас ќе ти ја дадам мојата и онака не знам за што ми користи освен за собирање прашина . Барај нешто друго Јас сега за сега ништо не сакам да ми носи, нека не се троши на мене, само нека ми положи 5-6 испити во јануари и толку. А ако не му се учи тогаш нека ми донесе едно БМВ. Спојлер Бар да не се влечам со автобуси до факултет да се мрзнам во јануари кога ќе полагам. Тоа е тоа. Скромна сум си јас
Пред се здравје и на мене и моите најблиски. Посреќни моменти од овие на претходната година. А надолу списокот е многу долг.