Него. Се заљубив во ликот. Спојлер Ама, оти е невозможно тоа, сакааам љубов и се’ тоа што го посакав за роденденот. Не е многу, не сакам материјални работи, не ме прават среќна.
Сакам да ми донесе храброст во една вреќичка и да можам да го направам тоа што сакам. Без храброст никогаш нема да го направам. Те молам Дедо Мраз биди добар и донеси ми храброст. Можеш да ми ја ставиш и во пакетче под елката.
ЈАс мојата желба си ја напишав на ливче и си ја оставив под елка. Со една ОГРОМНА молитва да ми се исполни. Не кажувам која е, зашто нели нема да се исполни..
да си се самоцитирам од лани, да му повторам на Дедо Мраз зашто изгледа лани не разбрал добро....па некои збрки направи, оваа година тој што ќе го праќа да го има и она кое на овогодинешниот му фалеше ете тоа сакам, исто како лани само малку похрабар и со поинтензивни чувства
Дедо Мраз ме заборави последниве неколку години ама ваљда оваа ќе се сети на мене -Здравје, среќа, љубов и памет (скромна сум)
1.Еден фин дечко му барам на Дедо Мраз, не мора да е којзнае каков лепотан ама да е паметен и шармантен. 2.мноооооооооогууу многууууу петки!!!! 3.Парички малку така колку за еден асален шопинг 4. се што ќе ми текне утре а не е наведено погоре скромно оваа година, а? па мајка му стара баш си бев фина и добра оваа година
Мојата новогодишна желба Спојлер Dragi Deda mraze. Za Novu godinu želim dečka. Dečka deda,ne opet irvasa. скромно
Драги Дедо Мраз, oваа година не сакам подарок. Но ако инсистираш може да ми подариш три цреши. Распореди ги хоризонтално на крајниот автомат од лево, ќе бидам во казиното цела вечер
Спојлер -што сака една познаничка за Нова Година Епа јас сакам Дедо Мраз да не почасти со писмени луѓе.
Сакам само да ми донесе здравје за мене и моите,па и пошироко. Сакам само да ми донесе тро мудрост и тактичност,сакам да ми донесе нешто во тутурутка и така,тоа. Друго ништо не ми треба! И да ми даде нух да се заштитувам од олоши!
За 2010 посакав повеќе здравје за мене и најблиските, а јас полошо здравје не сум имала во животов. Децата беа стандард - изненадување на годината беше 10-дневно летување во Козле. За 2011 посакав повеќе работи. Сакав да немам нервози, а ги имав еден тон. Не ги гледав повеќе тие што ги сакам, и покрај сите заложби. Некој што ми значи не ја доби работата што ја сака. Е да, односите со гореспоменатата личност ми се подобрија и тоа многу. Ама тоа беше само моментална желба, не беше нешто што вистински и длабоко го посакувам, секко ќе се оствареше. И ти си ми бил некој Дедо Мраз, нели знеш кој што сака, а? Се трудев да бидам во хармонија со себе, и бев одредени периоди во годината, ама поголемиот дел - не. Дедо мраз, забушанту еден низаеден. Според тоа што го сработи претходните две години страв ми е да посакам нешто за 2012. А имам список желби. Сакам тутурутка. Појма немам зошто не сум ја ставила желбава претходните две години, пошто бајата ми е. Очигледно не сум сакала доволно, инаку ќе сум ја имала. Сакам да си го видам името на еден документ што се вади од катастар, ако се лсучи веќе еднаш. Ова го сакам од далечната 2004-та. Сакам здравје за мене и најблиските. Порано не сфаќав како може некој да посака здравје, за мене тоа беше споредна работа, се додека не почнав да се чувствувам во болниците по градов како дома. Сакам повеќе време со тие што ги сакам. Големи работи Дедо Мраз. Па сега ти види. Иронично, тотално сум несвесна дека треба да сакам и работа, зошто оваа ќе заврши сред година. На крај памет не ми паѓа. И уште поиронично, толку сум навикната на истиве желби, што веќе не ги ни чувствувам како желби, барем не така како порано, да горам од желба да ми се остварат. Не е до Дедо Мраз, изгледа јас сум била лоша, па нема ништо за мене. Да, лоша сум била, штом сум ги оставила желбиве за дедо мраз, наместо сама да си ги решам. Дедо Мраз, за*би. Не сакам ништо од тебе. Се што сакам можам да остварам сама. Се надевам дека следната година ова време гордо ќе го разгледувам мислењево, и ќе штиклирам се со ред. Уствари... ако може само тоа со здравјето
Оваа нова година сакам дедо мраз да ми биде маж ми и да ми ,,донесе,, едно мало слатко суштество наречено бебе
Сакам да ми донесеш тоа шѕо го посакувам цела година. Одлични оценкиии... Спојлер па и бонбони, чоколади, гумени бонбони, млечни чоколади, кисели бомбони, благи чоколади Но највеќе сакам татко ми да се гордее со мене
Камо да постоеше. Е дури тогаш ќе посакав да ми донесе вработување за друго не ќе молев, другото ќе чекав само да си дојде.