Сакам да им донесе на мајка ми и татко ми многу насмевки. + Сакам да ми донесе мене многу бакнежи од нив.
Единствената желба ми е и наредната година да ми ја направи исто толку совршена како 2012.Признавам, имаше тешки моменти, кризи и падови, но сега, на еден месец пред крајот на годинава сфаќам дека, all`s well that ends well!А завршува прекрасно
Тоа што го сакам Дедо Мраз не би можел да ми го донесе во вреќа ... за тоа би требал да има едно магично стапче и да замавне со него и да направи едни две срца повторно да се спојат како порано... Епа Дедо Мраз се надевам дека ке дадеш се од себе.
Дедо Мраз сакам да ми донесе пред се многу здравје, среќа, и успех на работно поле да напредувам. Едно бебенце во 2013 и тоа може Да ми е здраво и живо мажето и моите најблиски да ми се здрави и живи. Попатем, сакам и едно милионче ЧИСТО ОНАКА ради реда барем да видам како изгледаат