Oхохохооо голема е мојата листа *Најпрво здравје, среќа и мир *цело пакетче со книги под елка *Облека за нова година *Никаде без карта за Париз *Нешто од орифлеим што си го меркам подолго време *Многууууу милка чокалади (па и немора милка, еве на пример може и сникерс ) *Сакам нова санка + дипличка на неа Спојлер да не ми мрзни г'зот *И на крај неколку лентички шишарки свеќички и гранчиња за да си правам дома експирименти коа ќе ми биде досадно
Сакам Дедо Мраз да ми донесе вработување а во лето и да се омажам и конечно да си живеам со мојот најмил
Доверба пред се. Љубов и здравје, среќата ќе си дојде сама. Некое патување надвор од државава, да го видам и јас светот Пари, не многу, таман Да дипломирам, да се запишам на магистерски студии. И за крај, едно поголемо пакетче, како мало дете да се радувам и јас
Пред се здравје, мир и љубов. После сакам да дипломирам и да си се вработам. И секако сакам едно големо пакетче малку повеќе да си се порадувам
Драг Дедо Мраз Пошто лепотанот знам дека ни оваа година нема да го најдам под елка (или јорган) оваа година нема тоа да ти го посакам. Ќе го посакам она што го сакав лани па го прешкртав "од љубов". Вака, за Нова година сакам да ми донесеш еден голем, дебел, чоколаден, дебело калоричен Дедо Мраз. Немора да е многу голем, доволно е од прилика 20-30 cm Пукнав две години по ред за еден. И те молам гледај да е потазе, не од пред 6 нови години.. Еве ваков (не се лутам ако бидат и два - нова година е, Божиќ иде, нема место за лутење) И да знаеш ако не ми го најдам под елка, ќе си отидам до КАМ и сама ќе си купам! Башка гледам на попуст е, цели 29 денари. По цената се гледа колку зими седел во магацин... И дечкото сама ќе си го земам!! Така да знаеш!! поздрав EmGreen http://www.youtube.com/watch?v=a-pqm7AJfoY
да ги врти оживее мама тато,баба,дедо чичо тета бртучедите и сите заедно да седнеме на голема совра со многу јадње!
доволно ми е здравје, да чукнам во дрво оваа година на поле здравје супер бев. добро плус ако не му е тешко на дедо мраз може да понесе и една вреќа среќа за моментите кога ќе ми треба