Сакам внатрешен мир, здравје и среќа и љубов секако, ова мислам дека е најосновно што го сакам секогаш не секоја година, туку секој ден. Другото само по себе ќе си дојде.
Спојлер Ова се моите желби за 2010, 2011, 2012. И оваа година, како и 2010 се задржувам на основната и секаде присутна желба - здравје. Додека претходните години под здравје на најблиските пред се' мислев на децата, сега сум многу повеќе окупирана со здравјето на моите. Стари се веќе, секој ден некому се качува притисок, а сакам да ми бидат здрави и живи. И на малиот мој, со кого можеби ќе треба да правиме уште еден оперативен зафат - се покажа дека операцијата од пред две години не беше така успешна. Сакам само се' да помине во најдобар ред и веќе да не се повторува.
Здравје, пред се’, хармонија и мудрост, љубовта и понатаму да стои како ореол над мене и моите најдраги, чист видик пред себе и многу нови предизвици. Душата да ми е раат, ете тоа сакам Дедо Мраз, слушаш?!
Здравје за мене и моите најмили.И да бидиме исполнети со љубов да даваме и земаме...друго се ќе си дојде .
Здравје,љубов,среќа и успех во школо. А може и да вметне едно професионално апаратче Nikon или Canon.
Вито тело и дебео паричник...само не помешај ги ко прошла година <3 Војдан Стојановски го сакам <33 и чевлии...маскара..кармин..сјај..пудрии...парфемиииии.....фустанчиња....фармеркиии што е нај важно штиклиии <33