Здравје,среќа,мир. Сета љубов која може да се најде,положени предмети..аа да,и депилатор каква и да е марка,не бирам
здравје, среќа , мир, спокојство, радост , истото и за моите најблиски и нај важното да ми го смени презимето оваа година да станам г-ѓа негова
Мир и тишина. Имав бурна година ипол, и конечно си фатив ред последниве месеци. Само сакам да продолжи така. Сите планови ми одат како што сум замислила, само ми треба мир и тишина за да се фокусирам на тоа што треба. Се друго ќе се потрудам сама да добијам. И летово да одам на море.
Еден цел пакет лакови,циркони и такви работи за нокти,едно 15 милјарди фунти(шо се бе 15 милјарди ),карта за Аргентина,дечко -не мора мала си сум ,да одам на Марс цел месец и петки во сведителство да ми донесе
Спротивно на тоа што сите сакаат здравје, мир, среќа, спокој и слично, јас сакам немир, караници и неспокој, во кратки црти сакам дечко . Шала на страна, Дедо Мраз ако ме читаш, да прецизирам сакам дечко кој ќе ме почитува, сака, ќе биде доволно храбар да се бори за промени а не да се адаптира, и ќе успее да ме следи во темпото, ама не да заостанува, туку до мене да биде, паралелно, некој кој ќе биде доволно амбициозен ама да не ме нервира туку да ме мотивира, и сето тоа да ми се допаѓа физички. Кисче поз
Дедо мраз израрувај ме како некогаш ... Се разбира немој да заборавиш здравје,љубов и среќа ...(види од љубовта вистинската да биде немој само према татковината да донесеш )
дедо Mраз , оваа година сакам да ми го промениш животот... беспрекорно здравје , мир и спокој , неограничена љубов и многу пари... пари со кои мн. луѓе ќе направам среќни ... барем на миг... неограничен успех на секое поле... мммм ... и некое убаво спортско автиче за мене.. те љубам дедо Mраз и едвај чекам да дојдеш...
Дедо Мраз, помогни ми да ги остварам моите планови на работен и љубовен план. И една штека цигари, ќе се најди.
Ах, тој дебел лажго! Не ми е потребен, јас сега имам се!!! Имам куче!!! И тоа спасено!!! Здраво и живо, го спасивме од сигурна смрт!
Конфорен стан.Мнооогу скромно од моја страна .Ако не ми ја исполни оваа желба,ќе треба уште некое време сама да се потрудам за да ја заокружам потребната цифра
Само здравје, се останато е помалку битно. Не сум особа која од Бога, а и од Дедо Мраз бара, големи матрејални нешта. Барам само здравје и господ да не чува од лоши работи мене и моите блиски, се останато ќе заработиме со труд и мака како и досега. Се додека се они, имам причина да бидам среќна, и имам за кого наутро да се разбудам. Затоа го молам Дедо Мраз, доколку има здравје во неговата торба, нека ми подари онолку колку тој што мисли дека треба. Но доколку носи само матрејални нешта, тогаш може слободно да ме одмине, јас не сум научена да добивам ништо без труд и пот. Мојот дел нека им го подари на оние на кои никогаш и ништо не им е доста.