Бидејќи бев мнооооогу добра оваа година сакам Дедо Мраз да ми донесе вреќа поооолна со евриќи,доларлиња и по некоја фунтичка. Може и да ми најде работа и да си земам плата 20-30000 денари,за да не си ги трошам оние од вреќата,а и да не се досадувам веќе дома.
Првенствено да сме среќно семејство, заедно сите живи здрави. Син ми да расте и да е здрав и весел. Сопругот да добие чин. Јас да најдам работа. ....а татко ми да се врати жив и здрав од Авганистан.
Здравје и среќа за мене и најблиските, и нема да е на одмет малку повеќе мотивираност, ентузијазам, позитивна енергија.