Бидејќи долго време наназад една желба ја замислувам милион пати и никако да се исполни,си велам ај да пробам со нешто поскромно,да не испадне големи очекувања имам. Сакам трпение,решителност,истрајност и упорност. Овие и ќе бидам многу благодарна.
Ќе признаам...Сакам пари повеќе,повеќе успеси,дечко,нова децка соба која нема да ја делам со никој,да ослабнам(што е најваќно),ногу ногу шминки,да си купам некои фармерки,блуски,палто кожно а сакам и 2 пара штикли.Ама што ќе ми е сето ова што наборјав ако немам здравје,ако нема доверба,ако нема пријатели,ако нема почит.Па така се на се сакам само да бидам жива,здрава,среќна,да ги слушам повеќе родителите,а нема да биде лошо ако и они ме слушат малку,секако на крај и доверба.Но најважно луѓе е здравјето..Што ќе ви е пари и штикли и дечковци ако немате здравје?? Мене тоа ми е желба што сакам да ми ја донесе дедо мраз.Една вреќа полна со здравје,љубов,среќа,почит и доверба.Е сеа може и парички оти и од тие хартиени парчиња имаме потреба
Неколку илјади евра и авионска карта во еден правец. За било каде. Не пребирам, само да е некаде надвор
Хм... мојот омилен дедо мудро би било да ми донесе вреќа нерви, трпение, сила, гласни насмевки, сјај во очите и во секој поглед НЕГО, насмеан, нежен, заљубен и конечно длабоко во мене !!!
Најпрво здравје, па да ми го отвори патот кон среќата, љубовта и топлиот дом, до успеси и бесценети моменти.
Сакам да ми донеси авионска карта во еден правец да одам кај него, или него да ми го дојси тука, шо сака Дедо Мраз то скромна сум јас. И еден апел до него молим те послушај ми ја желбата, РЕДНО Е ВЕЌЕ!
Ах, тој Дедо Мраз... И кога би постоел не знам дали би имал можност сите да не удостои со внимание и да биде семоќен во исполнување на нашите толку посакувани желби. Тоа што сакам да го стори за мене за следната година е полесна вреќа издишки и мигови на пронаоѓање на сопствен простор за лична реализација. За понатаму сигурна сум дека нема да залутам во друг правец затоа што знам да продолжам сама.