Возачка дозвола Маздиче Диплома Прстен Меден месец и едно пакетче Ставив и сликички за да не заборави нешто
1. Здравје на најблиските. 2. Па едно ооооооооооооооооооооогрооооооомно пакетче !!! 3. Карта за Продиџи. 4. Ауди ТТ ( многу сум скромна ) а со ова иде и возачка. 5. и Нов компјутер.. Овој ќе цркне кај и да е. * се надевам бев добро девојче годинава.
Дедо Мраз сакам да ми донесе многу здравје на мене и моите најблиски и љубовта да ни трае засекогаш .... Тој мене нека ме вработи па после со парите знам што ќе си правам
Здравје, пред се, среќа и една желба најголема што си ја имам да ми ја исполни . Потоа нека ми донесе што сака тој. Нема да му одбијам ништо Толку! Скромна сум
Па, така по стандард да ми донесе пакетче полноо со чоколади, бонбони и сокчињаа. Леле кое бебе сумм После нека ми донесе среќа и здравје и тој што највеќе го посакувам. Другото се надевам ќе си дојде само по себе .
Maлку повеќе позитивна енергија насочена кон она што веќе одамна го посакувам И секако здравјето за моите најблиски
Истото што го посакав и лани - здравје за мене и моите најблиски. Порано не ја сфаќав важноста на здравјето. Ама кога го губиш - сфаќаш колку е важно. И помалку нервози ако може. Ова повеќе може да му донесе на саканиот мој. Сакам повеќе да ги гледам тие што ги сакам. Сакам, ама многу сакам некој што ми значи да ја добие работата што ја сака. Сакам дедо мраз да ми ги среди односите со некој со кој случајно ми се нарушија пред некој ден. А не беше по моја вина. И сега сум крш заради тоа. Сакам да бидам во хармонија со себе. Е па дедо мраз, фаќај се за работа. Оваа година не сум скромна како лани