ништо конкретно не сакам, само нека биде подобра годината од оваа. Ако тоа се случи значи ќе биде перфектна
Здравје за моите најблиски, и конечно среќата да им се насмее. За мене, може...повеќе среќа. Или било што, што ќе ми донесе, не сакам да прибирам. http://www.youtube.com/watch?v=cR_mwQx-EEQ
Сакам оваа година да не бидам толкав баксуз (ако е можно) и наивна. Многу многу многу повеќе љубов и искреност. Па да, во принцип се тоа што оваа година баш и не го добив..
Сакам нов компјутер Сакам да се подновам со некое парче облека.. Сакам пакетче И тоа... Скромна сум си ја
Дедичко не ти барам ништо посебно,само дај жити се оваа година најди ми некој принц(не мора да е на коњ,може и со кола ),не оди вака повеќе!!! Сакам 2011 година да е далеку подобра од оваа што изминува...
Само здравје Дедо Мраз за мене и моите најмили , за другото како и секогаш сама ќе се потрудам. И мир насекаде во светот, те молам! п.с. може и едно пакетче, кое ќе ти дојде на ред, под елка да си го ставам (ако се чоколади ќе ги поделам на сите околу мене, знаеш дека не јадам )
Зелена росна ливада и едно глуварче, да можам да си потрчам по неа со боси нозе и да го дувнам глуварчето И здравје еден куп за сите! Епа ете толку е доволно.
Сакам следната година да биде далеку подобра од оваа. Сакам повеќе здравје, среќа и љубов, а помалку болести, тага и омраза. И да, сакам едно пакетче полно со чоколади!
Сакам да добијам убава година како претходнава , да ми стигне новата кола пред празниците , мојата погруба половина да се заљубува се повеќе и повеќе во мене , сакам здравје и среќа за моите најблиски, сакам да не следат убавини позитивна енергија, повеќе сончеви денови и убави непроценливи моменти...Сакам конечно да отерам некои луѓе на едно место, да ги изфилтрирам лошите и лицемерни маски надвор од моето секојдневие и да примам новииии... Сакам да форумизираме на сите тековни проблеми во 2011 и да ги решаваме заедно дилемите ту-кам...Сакам црно црно црно чоколадо со бадеми... И сакам..бакнеж и мазење од мај спешл самуан.