Еве доага полека и денот на жените. Па реков малку и за тоа да позборуваме. Што би сакале да добиете за 8 ми март и каде би оделе. Па еве можете да пишувате ваши мислења.
Не сум жена, ниту пак мајка, но сметам дека сите припаднички на понежниот пол на овој ден сакаат малце повеќе почит и внимание во однос на другите денови и некој мал подарок како знак на љубов. Инаку, сметам дека на жената не треба да и се дава до знаење колку е сакана, почитувана итн. само на овој ден, туку секој ден во годината. поздравче
Денот на жената го претворија во ден на девојката. Не се свесни веќе на кого даваат подароци за 8 март. Јас имам добиено подарок кога имав 18 години, не се сеќавам точно, може и 17 имав. Има смисла тоа? Јас мислам не. И реагирам ако некој сака нешто да ми подари. Јас сеуште не сум жена.