Искрено да ви кажам почнувам да се бунам ...сите различно бараат од машкото затоа ја отворив темава ..затоа што сам машко, женска никогаш нема да разбере што сака (се шалам) .
Што сакате кај машките а што не ? Сакам : -Да биде интелигентен -Да биде свој ,таков каков што го дал Господ -Да знае што сака од животот и да се труди да го добие истото -Стабилен човек -Добродушен -Чесен -Да има смисла за хумор и што е поважно ,да ја разбира мојата шала - Темпераментен - Снаодлив - Грижлив -Силен - Амбициозен - Да се грижи за здравјето и изгледот -Да знае да ме утеши кога сум разочарана -Да биде верен ,а не само да бара верност -Да биде добар слушател и добар соговорник -Да биде сестран и начитан Не сакам: -Егоист -Флегматик -Запуштен -Простак ,без манири и култура -Човек кој дозволува животот да му помине пред очи без да преземе акција -Арогантен тип -Мамина маза -Мачо -Контантен мрчатор и квазипаметњаковиќ ( бескомпромисно одат во пакет ) -Лабилен карактер ,без свое ЈАС -Човек кој се би дал за друштвото ,но не и за девојката -Дон Жуан И друго ,засега доволно е.
Што сакате кај машките а што не ? Прво и основно Карактер . Посебен стил. Понашање на место. Да има смисла за хумор. Да ме подржува во тоа што сакам и што сакам да работам. Амбициозен. А раб шо ги нејќам ехаааа Нејќам да е : Љубоморен скржав Завидлив да ми наметнува свои ставови Мамино синче Да е женкар да мисли само на секс да ми се прави доминантен да ми се прави паметен многу флегматичен Папучар ма нејќам бре да смислам за ваков тип Да не искажува мн емоции и да ме гуши у истите. Без свое јас Идиот Шовинист . . . . .
Што сакате кај машките а што не ? Да ми биде верен Да ме засака со тек на време Да е покрај мене и во добро и во зло Да знае како да се облекува, да има слисла за хумор Не сакам да ми се прави паметен( во смисла да ми попува) Не сакам да се фали за тоа колку легнал, а можеби воопшто нема легнато Не сакам да се прави ладен на фб и мсн а во живо поинаку да се однесува
На прво место ми е: -карактер -да има косица -некој свој стил -да е покрај мене и во добро и во лошо -да ми биде верен -сакам да се однесува кон мене нежно Нејќам да: -ме лаже -да ме вара -да ме провоцира -да се фали колку женски имал -кога ке искочиме да му биде срам да им каже на другарите дека сум му женска -љубоморен -многу нападен -нејќам да се прави многу паметен -да ме проверува каде идам и што правам..
Сакам: - Да ме сака. Не сакам: - Да ме лаже. Да не тормозам повеќе, од ова понатаму се ќе си дојде. И верност и разбирање и доверба..
Сакам да има смисла за хумор, да биде интелигентен, културен, да има манири и да знае да сака. Не сакам да биде неискрен, да измислува (подобро се нека ми каже во лице) да се фали за се и сешто, да ми досадува постојано каде сум, со кого сум...
Сакам пред се искрено да ме сака и да ме почитува.Многу ми е битно да има слични интереси како моите,да има смисла за хумор,да е каваљер и да е амбициозен.Што се однесува до изгледот сакам да биде висок,со црна коса и по можност светли очи
Сакам да биде насмеан, мил, нежен, позитивен, да не биде фалбаџија, да сака многу да се забавува исто како мене, да не биде љубоморен, да биде авантурист и отворен, да не биде ограничен, да не биде намќор, мразам луѓе што шират негативна енергија...
Сакам да ме чува, да внимава на мене; Да умее да се бакнува; Да изгледа добро физички (и психички); Да има стил за облекување и добар парфем; Да биде интелегентен. Не сакам машки: без перспектива; што не умеат да забавуваат девојка; што не се романтични; што не се грижа за својот изглед; женкари/ дон жуани; досадни.
Сакам да е непревидлив.. Сакам да е искрен, да го кажува тоа што го мисли Да знае да те насмее Да знае да ме чува, да ми удоволува.. Сакам машко што стои на земја и не е умислен и не лета многу со мозокот.. Да не направи ништо што знае дека ке ме повреди сакам да биде авантурист, да сака да го прошета светот Сакам да не се задоволува со малце, да биде амбициозен и да стои цврсто зад тоа што го сака.. Не сакам кога ти закажува состанок, и во последен момент се предомислува Ти вика дека ке ти се јави а не се јавува Ти пишува порака па послем он не враќа Се прави фраер и најпаметен и сака да биде над тебе Те бара само кога е осамен Пред тебе зјапа во други женски Се фали колку ги имал и колку смувал Расположението му се менува, де е добар де не.. Не знае 2 муабета да направи
Најважно ми е да биде искрен и да не се плаши да ми дава критики ако смета дека нешто сум погрешила намерно или ненамерно, и отворено да ми каже ако нешто му смета. Тоа најмногу го ценам. Убавината, т.е. надворешниот изглед и не ми е така битен, отсекогаш сум имала чуден вкус за тоа, ама сепак да биде во границите на нормалата - да не биде запуштен нели. Нека биде амбициозен и образован, друго и не ми е толку битно, обично сум скромна во моите барања.
Не би функционирала со некој шовинист, неамбициозен, прост и некултурен и некој без манири. Најмногу ценам интелект и интелегенција, култура и почит. Многу важно да ја сака уметноста како мене, тоа е есенцијално за да би профункционирале. И ќе заборавев, да слуша добра и квалитетна музика и да биде open minded. Преку се останато ќе поминам.
Сакам- -.Да ме почитува -.Да ме подржува во се -.Да има манири и однесување. -.Да биде интелигентен и амбициозен. -Да има смисла за хумор -Да има цел во животот и да се бори да постигне нешто -Да биде човек со модерни сваќања -Да внимава на својот изглед и на здравјето -Секогаш да е во ист чекор со мене и да ме сака за тоа да не правиме муабет.. Не сакам- -Да биде фалбаџија -Да шири негативна енергија -Да биде нарцисоиден -Да се однесува без култура и да ме срами пред луѓе -Да биде заостанат и ограничен.. -Да се однесува детски.. -Да биде несериозен и да изведува.. -Да биде мамин син.. -И за крај да биде женкар.
Сакам: -да ме сака, почитува, да биде искрен со мене -да биде добродушен, културен и да има разбирање Не сакам: -агресивни -некултурни -мамини синови -женкари и пуљаџии
Сакам да ми удоволува. Да не ми се спротивставува за ситници. Да биде амбициозен. Да не се депилира, само да си ги бричи мишките. Сакам добро да мириса. Не сакам да е мачо мен. Не сакам да ми повишува тон. Не сакам да е шармер. Не сакам да е многу убав.
Сакам: -да знае да ме насмее,ова ми е најнајважна особина,ако не знае да ме насмее абе џабе му е се друго. -да биде така малце чуден,откачен,како мене -да биде зборлив,секогаш да имаме многу теми за муабет,а не како некои,одвај 2 реченици знаат да сврзат -да не биде многу влакнест,може онака брадичка малце,ама не сакам со љубовен тепих да ми се шета. -да знае да ме разбере,и да ме поддржува. -да знае да се справи со мојата откаченост. -и то,друго не ми текнува во моментов. Не сакам: -да биде претерано романтичен,само онака мааалце може. -да ми се дере,и да ме контролира постојано,со кој сум, како сум, што сум,каде сум,зошто вака, зошто нака,страшно ме нервира кога некој ми диши у врат. -да е љубоморен и да ми забранува да правам некои работи. -да е премногу добар,оти на крај ќе го сожалувам а не да го сакам. -друг пат ќе допишам ако ми текне нешто.
Јас повеќе ги разбирам машките, отколку женските. И ми кажаа дека се однесувам како машко понекогаш , ама што да правам кога женските се несватливи некогаш/
Сакам -да знае да ме смее -да може да ги задоволува моите барања -романтичен али на моменти -да го прифаќа секој мој предизвик -да биде самостоен и одлучен за тоа што сака во животот -да биде искрен -да ме почитува и сака -да слуша иста музика каква што слушам и јас (тоа е задолжително) -да има стил за облекување многу сакам ама доволно е оваа Несакам -да се прави дека знае се -да е самобендисан -да ми се дере и да е агресиве -да ми забранува некои работи - да си ги депилира нозете -да ми ја споменува мајка му на секои 2 мин -да биде женкар -да биде досаден и да замара -да шири негативна енергија -да слуша турбофолк и песни за сечење вени Сеа за сеа толку ако ми текне друго ќе допишам
ооо,па тука цели табели со критериуми се испишани.. Јас преферирам личност која ме почитува,која е на исто интелектуално ниво со мене,која знае да ме насмее и која е возбудлива и енергетична. Не сакам машко немтур,кој незнае да направи основен муабет и кој нема култура.