Сакам да крева капак кога моча и да центрира. Сакам да знае да пегла, чисти, готви. Да ме познава, да знае кога се лутам и да не ми стои пред пат. Да ме подржува во моите одлуки и да ме разубедува кога не се правилни. И тоа да биде паметен убав, добар во кревет, вреден итн. Не сакам да биде мамина маза, другото ќе го научам.
Сакам да биде: -искрен -добродушен -културен -човечен -да има карактер -не сакам да има мускули и сл. но да се грижи за себе си (храна, малку вежбање, значи да не е тромав и мрзлив) -секако да ми се допаѓа физички, да има шарм Не сакам: -машки кои пцујат и немаат речник -кои не знаат да ценат и почитуваат -кои повеќе наликуваат на женски, отколку на машки во карактерот -да не е мамина маза -машки кои ги повредуваат на разни начини своите девојки -машки кои се лигушат по сите женски -мрзливи, тромави, несредени, нападни, преповлечени -со преголемо его -да не му влијаат другарите и останатите, да не е нивни потрчко
Сакам да биде: -искрен,добронамерен,романтичен,културен дечко. -да има визија за животот(и секако јас да сум вклучена во неа ). -паметен. -амбициозен. -приземен-со свое јас,а не уфилмана мамина маза. -со стил на облекување. -секогаш брадата да му е избричена ,и градите-депилирани! Не сакам: -билдер(но мора да води сметка за својот изглед и здравје). -некултурен,со прост речник-пцости и такви зборови. -нарцис. -да се лигави по други женски. -оговарач. -турбофолкер. -депилиран по цело тело. -да замара со непотребни работи. -песимист.
Сакам: - искрен - да учи - да сака наука - да не ми вели пречесто „те сакам“ оти ќе почнам да се сомневам - да ме трпи (најбитното, кој ја имаа таа способност, супер) - да држи малку брадуле - искрено неможам да речам дека сакам да пуши или не, ама машките со цигара во уста е хот. - да има душа и човечност во него - да не е перфектен - да биди маженствен, а не овие swag деца шо се сега Не сакам: - Недораснато дете физички и психички - Некој што неможи да ме разбери - Некој што премногу се сака себеси (сигурно ќе го навредам и ќе се скараме) - да ги врега работите кои јас ги сакам - постојано да се фали - да е ладен кон мене кога сме со други Резултат: - Не постои, а ако постои ти е другар или геј.
Што сакам: Стил. Убава насмевка. Џенталмен. Не сакам: Мамино синче. Љубоморен. Идиотско понашање. Мислам дека е најбитно да најдеш некој со кој ви одговараат карактерите.
Аман само да е издепилиран под пазуви,на гради и избричен да е,не плетенчиња да му плетам или да шатирам под пазуви...добро де,не е само тоа хахаха .Епа вака,јас би сакала тој да има осет што прави како прави,да не избрзува,да не е ладнокрвен,насилен,да е трпелив,да знае да слуша,романтичен нормално,немам некој одреден тип за физичкиот изглед,само да не е дебел некој хаха, да не е како мене во карактер-тврдоглав,избувлив и само да пцуе хD.
+ Внимание Почит Стоење на својот збор Скромност Да не изиграва центар свемира Заштитнички настроен кон својата партнерка Неумарање со што рекле другарите за неа - Улично понашање Немање смисла за хумор Боли го цеф за се Непродуктивност и немање цели Лажење Мамина маза Јас јас и само јас Посесивна љубомора Патолошки случај на немање осет за ништо Незрелост Каснење
Сакам да ме чува и да ме штити, да знае да ме насмее, да ме разбира, да знае кога треба да ме гушне, да биде романтичен (не мора многу ама доволно за да не избега од моите идеи за романтика ) ,да ми биде поддршка, советник, критичар. Сакам да биде добро воспитан, хуман, со ум во глава. А не сакам да слушам вулгарни зборови од него, не сакам да биде насилен или да навредува, не само мене туку никого, не сакам да ме ограничува, да ме уценува или да ме присилува на нешто што јас не сакам.
Карактерот да му биде пред се.Да знае како да се понаша кога сме сами и кога не сме.Да ме сака,чува,штити и т.н.Џентлемен.Развиен Хигиена да држи,убаво да се облекува,и може чат пат да е романтичен ама не секогаш.И да не ми наредува многу многу,слобода да си имаме
Сакам да ме сака, да ме почитува, да се грижи за мене, да ми биде поддршка во ситуации кога ми е тешко. Да ми биде добар другар а потоа љубовник. Сакам да биде мудар, паметен, да не биди табула раса (празна табла) туку искусен, да поминал урка и вретено. Да биде храбар и да ме смири во ситуации кога сум неподнослива плачка. Да ме поддржува во остварување на моите соништа. Да ме советува и со своето искуство да ме води низ животот. Во секој случај различен од мене за да можи да најдиме баланс во врската/бракот. Јас ваков најдов и го сакам многу ама тоа е.... можи пак ќе најдам или тој ќе ми се врати кој знае.
Да е како мене ... Да сака од се по нешто забави ,сериозни муабети , нежен , малку повисок од мене . Да знае да цени и почитува . Без да сака да ми командува ако сака да каже нешто не мора тоа да е како наредба оти ништо не правиме. И ако излезам да не ми звони триста пати!
висок, црн дечко кој што знае што сака во животот, кој што нема да се однесува како заљубен тинејџер во смисла на јавување на секои 5мин и пораки од типот срценце што ми правиш или срценце многу те сакам и остали др лигави работи, кој ќе има свој приватен живот и по стапувањето во врска со мене, едноставно тип кој е доволно возрасен и зрел
Спојлер: Зато немав дечко средно. Ќе се отрујам. Ете сега да си кажам, сакам да можам да разговарам со него и прво да ми е другар после нешто повеќе, кога ќе се видам со него никогаш да не ми е досадно и се шо барам од него е искреност, љубов и почит, истото сум и способна да го вратам.