Значи на кратко: Сакате мажот да биде совршен и способен за се како Бог, ама да биде без сопствена воља.
И музичка желба имам, фала на прашање. Ти ако не поседуваш тоа што бараат девојките не сме ние криви, има некој што го поседува тоа.
Сакам да е лабав тип, воедно и ладен, цврст карактер, да не ми пишува љубовни пораки, да сака природа и животни, да ме прифати таква каква што сум, да планинари со мене, не сакам да ми плаќа пијачи, сакам на секое гледање да доаѓа со чоколадце и така, тоа од прилика И да, ќе го заборавев најважното РУЖА или било какво друго цвеќе да не видам !
со среќа девојки навистина се надевам дека ќе го најдете вашиот господин совршен иако чисто се сомневам
Ма не се изразив добро. Вие барате од еден маж да биде и паметен и глуп по потреба, и нежен и груб, и силен и слаб, вие тражете робот, андроид програмиран.
Јас сум многу скромна Сакам да направи да се чувствувам како негова кралица Не сакам да направи да се чувствувам ко магарица...
Ние бараме тоа што бараме, ако најдеме океј, ако не чао. Затоа има компатибилност, некои си одговараат некои не. Оној што ми одговара покрај мене е, другите си се таму кај некои други со чии желби се совпаѓаат.
Мене ми е доволно пред се да ми е другар, да е доволно искрен, да има смисла за хумор и да знае да направи муабет. Другото се е споредно. Долга кога и брада се бонус
Сакам да биде искрен,да има добар карактер и по можност да сака спорт Несакам да биде љубоморен,неодговорен,разгален
Најпрвин од сите и од сѐ можно на планетава сакам искреност. Верувале или не, многу ми е битно тој што се гледам со него или било што и да правам да е искрен према мене. Тоа ми е најважно, ни љубов ни изгледа ни минато ништо. Друго сакам кога ме разбира некој, ми е поддршка и потпора во животот. Сакам кога искочам со него да ми е најлабаво на свет, независно каде сме и дали сум згужвана во тренерки или пицната во патики. Сакам кога ме гледа со истите очи и поглед и кога сум најубава на свет и од поплава исфрлена. Сакам кога ме смее, сакам кога ми ги погодува најубавите точки, сакам кога ќе го погоди вистинскиот момент за вистинската работа. Не сакам кузнае што ау бау, ама искреност БАРАМ.Само тоа и ништо друго, мислам дека е доволно.