Што се смени кај вас откако станавте родител? Нагло се сменија некои работи,или пак постепено... Бевте среќни или разочарани во одреден дел... Колку всушност ве смени чинот кога станавте родител?
Со оглед на тоа дека деновите можеби и часовите и минутите се бројат до денот кога ке го добијам моето прво чедо делумно и кратко ке дадам одговор, али мисалм дека не сум далеку од вистината. Животот буквално ке се смени во секоја можна точка, секој можен поглед. Се што предходно ни било примарно ке ни стане секундарно. Едниствена важна работа ке биде здравјето и среката на нашето дете и како да го изнесеме на правиот пат низ животот. Ке биде тешко, али ке ни причинува најголемо задовлоство. Покомплетно резиме за неколку години.
Кога го носиш 9 мес. бебушот знаеш дека го сакаш ама не ти е јасно што. Штом прв пат ќе го земеш во свои раце веднаш се раѓа и родителската љубов т.е мајчинството. Самото родителство носи некои поголеми одговорности. Детето е на првото место а потоа ти. Е тука баш некои родители прават голема грешка како да само тие имаат деца и ги запоставуваат своите мажи и настануваат проблеми. Тука треба да има некој си баланс меѓу дете и сопруг. Не правиш се за детето, туку за семејството и себичноста треба да се заборави. Станав почувствителна и поемотивна. Верувам дека кај сите постои некој си мал период на прилагодување на нов член во семејството и додека е мало друг ритам на живот. Среќен си во секој поглед. И најголемата нервоза која некогаш те вади од такт ја смирува таа мала насмевка на лицето на детето. Е тоа е волшебство или тренинг на нерви кој ти го прави детето . Понекогаш колку и да се нервирам и да го карам една прегратка ме освојува која знам дека е чиста и искрена. Интересни глумци се и точно знаат кога и каде е слаба точка на родителот. Мислам дека родителството па и бракот како чин не ме смени. Можеби дотера некои финеси во мојот карактер. Јас сум таква каква што сум со мои принципи и навики. Понекогаш можеби приќутувам за некои работи, но тоа не значи дека не гледам или не ме интересира. Тешка е улогата на секој родител. Секој се труди на свој начин да биде добар родител. Од кило месо треба да го исчуваш и изведеш на прав пат во животот. Тоа само по себе носи и некои одрекнувања и поднесување на жртви од страна на родител. Но, тие се наша гордост и не би рекла дека за нив живееме, ќе звучи многу себично и нефер. Доволно е да ме направи горд родител и да биде подобар од мене. Здравје, животот е пред мене и што е во рамки на мои сили ќе се потрудам да бидам најдобра мајка. Понекогаш и ние самите ,,забегуваме,, па од многу трудење остануваме ,,трудни,, се зезам, знаеме и невозможното да го напрвиме возможно или да се изгубиме во реалноста. Сепак не е страшно колку што е опасно , мала шала. Тоа е благослов кој секој го посакува
Неспорно е дека животот на мајките најмногу се менува. Е сега мене ме интересира од поискусните, колку вашите мажи/татковците се имаат променето. Дали омекнуваат или си остануваат баш исти?
Ако претходно од мене не можеше да се слушне ниту еден збор во деминутив, сега сум лигушка на која секој збор и завршува со -че. Само со малата тоа нормално, инаку пред остали свет уште се држам... Те разнежнува детето ненормално многу, колку и да си бил камен претходно ќе се најдеш често во ситуации со солзи во очите додека го гледаш едноставно како си игра или си зборува со играчките... Не мислам веќе првенствено за себе. Бев по малку себична, претежно гледав мене да ми е се' подмирено па после може да дојдат на ред другите. Сега можам да си скратам од се' само да е таа задоволена. Одговорност. Не дека ја немав оваа карактеристика и порано, но со дете добива друго и поголемо значење. Страв. Поголем страв од тоа -да не и се случи нешто, сум немала никогаш ниту за себе, ниту за било кој друг близок...
Се смени животот Кај мене лично, во крарактерот мислам дека немаше некоја драстична промена. Не мислам дека станав поодговорна, затоа што станав одговорна кога почнав да работам, и искрено - за мене тогаш многу повеќе работи се сменија отколку кога станав мајка. До душа да, и одговорност, но главно при изборот на работа - веќе не ми беше најважно да работам работа во која уживам, туку работа од која добро ќе заработувам за да можам да му овозможам на семејството пристоен живот. Ако порано менував работа кога ќе ми текне, откако станав мајка почнав да премерувам по сто пати - како мојата одлука ќе се одрази на другите членови од семејството, пред се децата. Ми се намалија храброста и независноста.
Се се смени Дефинитивно во сите изнесени ставови и мислења погоре се пронаоѓам.Одговорноста спрема детето спрема семејството домот ми е преголема Дефинитивно децата ми се на преден план НО мораме да најдеме време и за нас со сопругот. Многу сум почувствителна поемотивна по среќна порадосна Сега слободното време ни го диктираат децата често пати се случува да не одиме некаде каде што сме сакале затоа што сме заспале сме биле настинати сме имале температура и ред други работи Децата многу го менуваат животот нормално на подобро
Кај мене многу се смени од кога станав родител не мислев дека толку многу ќе се борам со сите само тој да е добар,имав многу домашни проблеми поврзани со него,но им реков на сите дека мене што сакаат може да ми прават ама за детето животот го давам и за него не простувам што му прават зошто јас знам како сум го носела 9 месеца низ какви се маки заради старите сум минела и сега детето истото ми го минеше но се пресечев и реков сакам моето дете да има среќно детство без проблеми и без наметнувања од други зошто тоа за ништо не е виновно,го сакам повеќе од себе посебно кога ќе ми се насмевне денот ми го прави најубав иако некогаш не ми е убаво или имам различни проблеми,тој е светлоста на мојот живот
Откако станав мајка, се сменија многу работи. На прво место ми е син ми. Станав многу почувствителна. Многу сум среќна кога син ми ќе ме гушне, кога ќе ми каже мама. Нормално, му посветувам внимание и на сопругот. Ама син ми секогаш ќе има приоритет.
Пред 2 години јас сум ја отворила темава....случајно налетав на неа. А сега 5 пати почнувам да куцам, па бришам, почнувам да куцам па бришам.....едноставно незнам ни самата да одговорам. Дел од работите останаа исти, некои не се сменија но останаа во втор план бидејќи детето ми е на прво место, а некои едноставно со самото мајчинство ги снема. Со сето тоа и животот се менува. Вреди, вреди бидејќи овој живот сега вреди да се бориш и имаш многу многу повеќе цели и вистински мотиви....поубави отколку тие кога не сум била родител.
Ni se svrtija zivotite za 360 stepeni. Totalno se mi se promeni, posebno poradi pricinata sto ne sme vo mk I nemame babi, dedovci pa bez nikakva pomos od bliski uste potesko e da se prilagodis na promenite. No sepak ne bi go promenila za nisto, prekrasno e da si roditel.
Ne da se smeni tuku mnogu i toa se na pozitivno. Od kako e so nas nasata cerkicka se ni e poveselo i poradosno Sekoe nejzin nov cekor nas ni e golema najgolema radost. Koga ja vidoov za prv pat toj moment bese najgolema radost za mene,od toj den se navaka sum sekoj den se posrejkna i radosna. roditelstvoto e najubavo sto mi se slucilo vo mojot zivot najubav dar od gospod
Се се смени... Сите животни навики, приоритети.. И јас и мм добивме нов центар на светот сега за сега е најубавиот подарок.. Се надевам Господ ќе не израдува со минимум уште еден до два подароци уживаме во секој момент, срцата ни пораснаа и дури некогаш се прашувамешто сме правеле претходно во животот
Па и не ни се смени нешто посебно. Можеби бројот и видот на обврските, но сеуште животните цели ни се исти. И пред тоа и по раѓањето на Никита семејството ни беше на право место, а сите оние планови за животот кои ги имавме, се стремиме да ги оствариме. Тој ни е мотив плус. И ни се смени изгледот на станот. сега има само играчки на сите страни
Се се смени Имам повеќе трпение за се, имам повеќе љубов, повеќе мир и повеќе мотив за да му овозможам на моето ѕверче убав весел и среќен живот ....
Многу пати и во обичен разговор знам да кажам ,,животот ми се смени,, И не е тоа жалење, барем јас не го доживувам така, туку само си го изнесувам како факт и се трудам да го прифатам како најнормална работа. И нормална работа е, на мои години замислував да бидам мајка, да имам свој дом, да стварам, да се грижам за семејството, да живеам живот малце поинаков од девојачкиот. Ќе лажам ако кажам дека не ми фалат некои работи од ,,претходниот,, живот, ама тоа е друга тема. За мене тоа беа нагли промени, кои ме исполнуваа и со среќа но и со страв дали правилно се случуваат нештата. Неднаш бебе за доење, бањање, преслекување, наеднаш нов список за пазарење, наеднаш се прилагодуваш на потребите на малечкото и свесно му ја даваш титулата на ,,главен шеф во домот,, Се сменив во поглед на одговорностите, поставив нови цели во животот, имам нови приоритети... и се се врти околу едно мало мило суштество кои ми вреди повеќе од сопствениот живот. Се смени и секојдневието, нов редослед на секојдневните настани... Се сменив и во односот кон другите (свесна дека не сум во право), предност давав на потребите на своето дете оставајќи ги другите да почекат. Јас дури и карактерни особини сменив, станав помалце избувлива од грижа малото да не се исплаши и да не се научи на таков начин на комуникација. Па и физички се сменив, подебела за неколку килограми... понекогаш ненашминкана и со коса едноставно собрана во опашка... еее, нема време многу за дремење пред огледало и фенирање. Иако во тој поглед после 12-13 месеци по породувањето успеав да се сабилизирам. Ако им е за утеха на идните мајки ќе кажам дека како минува времето свикнуваш на тој ритам на животот, па и уживаш во него и во улогата мајка.
Ништо не е исто како порано....така би се изразила. Ниту кафето кое го пијам ниту ' украдениот' саат два ( кои искрено ретко се случуваат) за себе не се за мене што и да правам во памет ми се децата- што за ручек, што треба да им се купи, кај да ги прошетаме, што прават сега..... Кога бев девојче и кога ќе ми ја оставеа внука ми на чување на неколку саати не можев да се изначудам како издржуваат, како одат на работа после непреспиени ноќи но ете се се издржува и најважно од се- па најголема радост ми се децата и мајчинството.
Некако се се смени. Јас се сменив, односот кон другите, животните навики, спиењето, јадењето, слободното време на кое искрено, некогаш со носталгија гледам наназад... Во оваа скоро година се ми се смени. Кога бев трудна како да си идеализирав што се сакам да направам... ама полека, работите како да се наредија. Сменивме и работно место, а скоро ќе смениме комплетно секојдневие во друга земја... тоа нема врска со родителството, ама некако, како да дојде во пакет...
Нема што не се смени. Цела перцепција ми се смени. Сите навики. Целиот ритам на живеење. Од мојата исхрана, до дел од мојата облека, е жими гаќи исти ми се.