1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Што се смени откако станавте родител?

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 31 јануари 2012.

  1. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Освен љубов многу за овие 2 месеци ништо скоро,ситници.
    Малце излегувањата ноќни. За овие два месеци само два пати сме биле на пијачка сами со мм навечер, дека спие 5 часа без да се буди, но има време ќе излегуваме. :D:D
    Бебе спие ноќе јас со него по 10 саати.:$:D
    И многу сум попипава некако. Порано брзав се'. Сега и пелена да сменам поплецка па си играме. 8)

    Ќе пишам пак догодина. :^)
    Едит: јас не жалам за ништо порано. Премногу сум воодушевена од бебо, а и си се луфтирам сама по саат во денот, и мм е тука и многу сум спокојна.
     
    Последна измена: 18 август 2019
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.177
    Пред да станам родител, целото време беше исклучиво мое. Егоизмот си го негував, сите желби си ги исполнував, правев што и да посакам (во смисла - ми се оди некаде, ми се купува нешто, ми се оди сама и безгрижна на 9 места вечерта) и со полно срце го уживав тоа.
    Сега тоа не постои, на моменти ми фали, но во суштина ми е изживеано и само со доза носталгија се присетувам на некои работи. Кога купувам облека, инстинктивно прво гледам облека за неа, па за себе. Излегувам сама ретко, но квалитетно. На почеток ми беше застрашувачки фактот дека имам пар очиња што вечно се вперени во мене, сега веќе знам - јас си ја одбрав и таа не' одбра мене и татко и, зарем нема поубаво од тоа?
    Се смени и килажата и трпението, се сменив и јас, се надградив и буквално и метафорично.:D

    Баш денес имав пишано еден таков твит. Сосема ми е прекрасна и природна оваа животна улога. Не би се враќала назад на таа што сум била, оти сум била некако површна, центрирана на себе, нецелосна. Барем јас така си се доживувам.
    Сега ова ново јас е прекрасно поле за истражување предизвикувачки нешта. Ништо не е исто, а се' е некако - исто само поенергично, полно.
     
    На Lady*Bug, dayla, ines.h и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Хахаха, ова со гаќиве исто, се преиспитав дека само тоа останало :rofl:

    Сакав да кажам дека косата обеле. На почеток ги мразев и со пинцета едно по едно влакно ги корнев. Сега ако ги корнам ќе останам без коса :D
     
    На zuto и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Догодина само нема полецка да менуваш пелена, ќе мора да убрзаш, зашо ќе бега. Некад и со гомната на газот ќе бега. :rofl:
     
    На katalina, zuto, drugarka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.199
    Допаѓања:
    10.843
    Пол:
    Женски
    Освен што денот го планирам според дремките на бебето, не се сменило многу. Барем не во овие 7 месеца до сега. Многу брзо ми поминуваат деновите, зошто цело време нешто треба да се направи. Цицање, пресоблакање, каша, шетање, успивање, чистење, перење, пеглање, јадење...
    Додуша и пред да се омажам и да станам мајка, не одев во дискотеки, ама кафе со другарки сега и со бебе си терам, или да ја успијам во 9, па да излезам до покасно. Не сум некоја што се дотерува и шминка, па затоа врзанава коса не е драматична промена. Кога ќе се вратам на работа, знам дека и тие минути што ги имам слободни сега ќе ги снема, ама сакам да ми е исполнето времето генерално.
    Можеби смисла на животот имам повеќе. Се што правам е за неа на некој начин. Ама секојдневието го доживувам некако нормално, иако сум покнап со време, пак си ги правам работите што мене ме исполнуваат, само со бебе до мене. :)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.985
    Даааа... Ќе морам... мене сега ми ги брцка петите во гомцата кога е какан, тек тогаш :rofl::rofl:
     
    На Leo_29 и TeddyGrey им се допаѓа ова.