Што си ветивте дека ќе промените во новата година?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Go-Girl, 10 јануари 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.843
    Ниту една година до сега немам ама баш ништо ветено |(
     
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.679
    Дека веќе нема да си ветувам и да правам планови... оставам се` во рацете на судбината.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.356
    *Дека нема многу да се нервирам
    *Дека ке подослабам бар да останат само некои 5-6-7 килца вишок
    *дека ке ги чистам испитите на време
    *дека ке уживам во љубовта
    *Дека нема да се оптоварувам со туѓи мислења.
    *Дека ке си го живеам МОЈОТ живот.

    Сосема е доволно, и ако издржам цела година вака, ке си се прогласам за суперхерој. 8)
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    493
    *Нема да бидам љубоморна. :angel:
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.317
    Допаѓања:
    39.221
    Се прилкучив тука само за да допишам уште едно ветување: си ветувам дека веќе нема да работам навечер, и да не спијам заради работа.

    Ај сега да си поработам додека не дошла новата година.
     
  6. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    2.621
    Допаѓања:
    4.004
    Јас колку што памтам за секоја година си правев замисли што ќе си променам, дали во изгледот или карактерот. Планирав и за оваа година ама уште не сум смислила нешто конкретно. А и што и да сум испланирала, после недела-две сум го заборавила или едноставно сум се откажала од тоа, знаејќи дека нема да биде така. Ај ќе видиме што ќе бидне оваа.. Епа вака:

    - Прво сакам да ми се променат чувствата. Да ми тргне подобро во љубовта. Искрено, не сакам да го отсакам иако ми нанесува голема болка и така ми налага свесното размислување, тука удел си има и потсвеста.. Никако да го заборавам. И не сакам да си иде бе. :(
    - Нормално, сакам да бидам подобра, да не ги повредувам толку другите, сакам да си сменам некои особини кај мене, да не бидам толку изгубена во времето и просторот, на моменти и како заглупавена :$ и несмасна. Во наједноставните работи се губам и незнам како функционира и што функционира. Да бидам поприбрана, посталожена и да не се однесувам така некако..чудно со еден збор.
    - Сакам да ги променам ОЦЕНКИТЕ. :D Од второ полугодие да учам повеќе, иако и сега бев стегната прилично, ама пак без некој голем резултат. :?:

    Не ми текнува нешто друго. :)
     
  7. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.211
    дека ќе заминам од овде!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    721
    Допаѓања:
    926
    1.Дека ќе ослабам барем 5-6 килца...
    2. Дека ќе престанам да се нервирам за глупи нерелевантни работи.... Море ќе престанам да се нервирам и за релевантните :rock:
    3.Ветувам дека ќе почнам повеќе да им верувам на луѓето и да се отворам спрема некои... ( барем малкуцка) :)

    Ова се однесува до тоа што можам јас сама за себе да сторам... Останатото на Дедо Мраз му го оставам да го среди ( не можам се сама) :)
     
  9. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    485
    Си ветувам дека нема повеке да правам планови. Оставам да бидам изненадена... :)
     
  10. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    114
    Ништо не си имам ветено, ама сега ветувам дека ќе пробам да бидам попаметна во врска со љубовта, доста веќе со погрешни избори.
     
  11. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    hm... *vetuvam deka ke odam vo srbija ovaa godina. * deka konecno ke ja probam anticelulitnata krema na vichi koja tooolku ja falat. * deka ke se smiram malku da ne bidam tolku palava i sto na um to na drum da bide ke brojam bar do 3 ako ne uspeam do 10. *si vetuvam deka ovaa god nema da mu dozvolam na nikoj da me povredi i deka pomalku ke placam za glupostiii *deka ke si kupam eden digitalen mnogu dobar *i vetuvam deka ako i ovaa godina dedo mraz ne mi ispolni nitu edna zelba ke go zadavam !


    [mod-kirilica:3md5je7b][/mod-kirilica:3md5je7b]
     
  12. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    532
    За оваа нова 2011 си ветив дека ќе ги правам работите кои сакам да ги правам и дека нема да се секирам за последиците, како и за тоа да давам одговор на прашањето од која причина сум го направила тоа. Едноставно така сакам и така ќе правам. Друго што си ветив е дека нема да се нервирам толку колку оваа година. Дека ќе бидам најголема поддршка во мојата фамилија. И уште тоа дека нема да се замарам околу љубовта. Доста јас ја барав. Сега нека ме бара таа мене. :P :D
     
  13. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    768
    Ветувам дека ќе бидам потрпелива, дека нема да избувнувам, дека ќе бидам поупорна и дека одредени настани, личности и чувства ќе ги оставам зад мене :angel:
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.341
    Пол:
    Женски
    Веќе е нова година па си ветувам дека сите лоши работи кои ми се случиле во претходната година ќе пробам да ги заборавам и ќе ги сместам во едно плико и ќе ги пуштам по пошта да одпатуваат во минатото и таму да си останат.
    Ветувам дека секогаш кога ќе треба да учам т.е седнам да учам нема да мислам на ништо друго туку ќе бидам концентрирана на тоа што го учам (секогаш ова го ветувам , а што ветувам секогаш исполнувам)
    После она во заградана внимавам што друго ќе си ветам.
    Тие погоре не беа за промена , а инаку сакам да си ја променам фризурата, ми здосади веќе вака косава, ми беше со степени , ама ми порасна долга ми скоро до над задник ни степен се познава ни уши ми се гледаат :D :emo: сакам да го променам малку изгледот на собава , конкретно ѕидовите и летово уште од 2010 викам дека сама ќе ги варосувам во мој СТИЛ :)
    Тоа сега за сега.
     
  15. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.115
    Допаѓања:
    2.350
    Ќе престанам да барам некој совршен што ќе ги исполнува сите мои барања од дечко :D
    Ќе уживам во слободата и лудиот ноќен живот додека можам.
    Ќе си ги дозволам сите ситни, мали задоволства кои ме исполнуваат.
    Помалку ќе мислам на утре и на тоа што ќе кажат другите.
    Ќе живеам за моментот :)
     
  16. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    Не си ветив ништо посебно само се надевам дека се ќе оди добро и овој семестар како сите претходни и дека ќе дипломирам и ќе бидам среќничка :angel:
     
  17. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    134
    ветувам дека ке ја остварам почнатава диета, ке го сменам сингл статусот :lol: ке се потрудам матурата „достоинствено„ да ја поминам :lol: другоооо....мммм :^) не ми текнува, тоа е
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.462
    -Собата ниту еднаш нема да ја расфрлам.
    -Ќе ја вадам шминката секоја вечер. (аха да, сигурно, особено по пијана ноќ) Тоа ни после полноќ не се случи. :D
    -Се што беше планирано за 2010 а не го исполнив да го исполнам.

    Ајде, има уште 6 месеци време. :D
     
  19. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    221
    Свртев нов лист во животот...заборавив на минатото и луѓето во него!
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Во новата година си ветив дека ќе бидам потполно нова личност , ќе го заборавам минатото и ќе гледам во иднината :nod: