Дека нема да пушам цигари, Дека ке јадам повеке, Дека ке си ја скратам косата, Дека ке ја обојам косата, Дека ке порачам работа од дома, Дека нема да контактирам со тој што несмеам, Од половина од тие работи се откажав, ке продолжам да пушам, не ја кратам и бојадисувам косата, а за другите работи здравје има време до крајот на оваа година.
Си ветив дека помалку ќе бидам љубоморна. Нема да му викам многу на дечко ми! Повеќе ќе работам,а помалку ќе јадам и ќе трошам пари за облека (На банкрот се моиве ради мене ) И доста е па !
Ветив дека ќе бидам поодговорна. (ова во зависност од расположение си го ветувам) Ветив дека нема да бидам толку добра и да помагам на другите давајќи го на некој мојот труд. Ветив дека ќе си го обновам козметичкото катче. Ветив дека ќе одам на одмор летово. (не зависи во целост од мене) А денес ветувам дека ќе почнам да трчам на кеј штом температурите ќе бидат на завидно ниво. Стварно, ама стварно претерав месецов, и изминативе неколку месеци.
Си ветив дека ќе бидам посебична спрема некои луѓе кои гледам дека досега ме искористувале, дека ке се радувам на малите нешта и ке бидам задоволна со тоа што го имам дека никогаш нема да заборавам дека здравјето ми е најважно од се дека ке бидам подобра со него зашто знам дека некогаш претерувам дека ке бидам благодарна на се што ми носи животот
- Ќе се хранам подобро и ќе се грижам повеќе за здравјето - Ќе почнам да се занимавам со некоја физичка активност - Ќе им посветувам повеќе внимание на пријателите - Нема да се нервирам за работи за кои не сум јас виновна - Помалку ќе се замарам со мислењата на другите и ќе го кажувам своето мислење и кога сум несигурна - Ќе станам поодговорна, ќе работам и ќе трошам мои пари
Па не си ветив многу работи зошто не знам дали ќе можам да ги исполнам. Ставив црта за некои работи и ќе бидам среќна ако делумно ги исполнам. Една од тие е да се променам и да станам малку посебична,да си го чувам здравјето бидејќи ми е најважно од се. Да не се нервирам премногу и да не си ставам се при срце. Да бидам похрабра и конечно да ги превземам работите во свои раце што долго време ги одолговекував и ги занемарував. Тоа е тоа. Храброст и упорност за да ги променам нештата..
Си ветив дека проклетата преемоционалност ќе си ја сведам на што е можно минимум и нема да редам се при срце... ...дека ќе живеам по мои гледишта без да обрнувам внимание на тие што не ги бендисува она што го правам.... Исто, дека ќе држам дисциплина за обврски, вежбање и здрав начин на живот...
Ветив дека ќе ги исчистам сите оставен предмети од претходните семестри, дека ќе положам се од овие 2 овогодинешни. И со тоа до есен ќе дипломирам.
Да се надополнам... ќе го направам она што го одолговлекувам години... тетоважата што ми значи...и секоја наредна што ќе ми значи...
Себе, си ветувам а утре ќе биде првиот чекор. Држете ми среќа, туку не...Што аир од тоа да ми ја држите среќата, подобро пуштете ми ја
Ќе бидам подобра во нештата кои правам. Си ветив да сум посмирена, по зрела во некои аспекти и по стрплива
Си ветив многу работи кои не ги исполнив.Но имам уште цела година пред мене,да се надевам дека ќе биде. Си ветив дека нема да се замарам со некои луѓе а уште се замарам. Си ветив дека нема да се нервирам за глупости а уште се нервирам. Си ветив дека ќе си најдам привремена работа а ништо не испадна од плановите...и така.
..Прво и основно, најважно, ќе правам онака како што МЕНЕ ми е убаво. Доста беше одење по туѓи патишта, живеење туѓи соништа, решавање туѓи проблеми. Ништо добро не ми донесоа, само товар плус. ..Дека ќе станам поодговорна, во новата година влегувам и во посеризни години, неодговорноста за некои работи мора да добие свој крај. За секоја навика има одвика. ..Споделување единствено искрени чувства, ветувања само во моментите кога сум сто проценти сигурна дека можам да ги исполнам, поголема самоконтрола! Од прилика, тоа е..