Да намалам пушење! Како турци станавме сите у друштво на факултет, остај тоа што стање грцка сум деновиве, ме потстегнува срцево по малку, и не дека мене од цигарите ми е, ама од кај да знам, не се сигурно корисни за здравје, па со нив да си подобрам хемоглобин И иде накако, се помалку и помалку имам желба за цигара. Само со кафе и после јадење! Цврст карактер му е само мајката
Значи си ветив многу работи, кои се трудам да ги применувам иако не успева секогаш прво и основно да правам мене како што ми одговара, доста замарање со туѓи проблеми, да престанам да се срамам, и да не чекам се на тацна, туку да се борам за она што го сакам.
Си ветив помалку да се нервирам и помалку да земам при срце се што ми се случува. Да бидам позитивно настроена, насмевката што повеќе да ми го краси лицето. Тоа е тоа отприлика, но не е толку лесно да се оствари.
дека повеке ке се трудам да најдам работа (некако тешко оди) а како опција странство-секогаш постои дека ке се вратам на студии(тешко оди за сега, ама не се откажувам) дека нема да ме интересира мислењето на другарките(си имам свое јас) и за сега добро ми оди дека или ке биде или нема да биде во љубовта(или со партнер кој ги исполнува моите критериуми или сама)можно е и второто да биде никогаш не се знае дека нема да избувнувам за секоја ситница ко некое вулканче, туку ке бидам потрпелива (тренинг, и време е во прашање) дека повеке ке посветам време на физичкиот изглед(трчање, вежбање) за опуштање и релаксација-добро ми оди за сега
Си ветив дека ке го заборавам бившиот и дека нема да се замарам толку за машки, бидејќи од нив леб не бидува. Ќе се потрудам да станам поуспешна За останатото се ке си дојде со текот на времето
си ветив дека ке почнам со фитнес и долето да бидам тамам со се вели,и замислете паднав и си ја скршив ногата(добар почеток)
Ќе се оформам до лето . И си ветив дека ќе пробам да бидам помалку инат и пред да направам нешто ќе размислам.
Cи ветив дека ќе се здебелам и дека ќе вежбам вежби за нозете да си направам мускули, па еве напредувам
дека до лето ке успеам да ги симнам овие 5-6 кг што ги имам вишок дека нема да избувнувам за ситници и нема се да земам при срце дека конечно ке ја направам тетоважата што ја имам замислено одамна дека ке го запишам факултетот што го сакам тоа е се за сега
Решив дека ќе променам дел од своите навики, ама некако не е баш така лесно... Првиот обид падна во вода за жал...
Дека ќе минувам повеќе време во природа. Насушен дел ми е и е единствено нешто на кое му се воодушевувам до бескрај! Пораснав во природа и со нејзиниот мирис...си недостигаме природно.
Нема да се замарам со ношто ; Ќе внимавам на исхранта ; Ќе почнам да пешачам и да вежбам ; Ќе поминувам повеќе време со дечко ми ; Ептен ќе избегнувам алкохол
И јас како повеќето си ветив да се ослободам од овие 5-6 вишок килограми. Здрава исхрана и повеќе спорт. Потоа си ветив дека ќе се грижам повеќе за мене, а нема да се грижам кој што ќе помисли. Да бидам слободна, да живеам на полна пареа, да уживам! А! За малку ќе заборавив. Со гордост можам да кажам дека ова лето ќе го исполнам најзначајното ветување:
Едно од ветувањата ми беше дека на Европското ќе ја донесам Македонија во првите 10. - Но немаше финансии федерацијата и не заминав. Второ ветување ми е дека струкчето ќе си го направам како што треба до напролет Април/Мај И третото ветување повторно не зависи целосно од мене, а тоа е Лондон 2012-Олимпијада
Ветив дека повеќе ќе учам повеќе и така е, тоа што сум го ветила морам да го исполнам А и дека ќе се поправам повеќе. Бев 32 кг. а сега сум 41 кг